SolidWorks решенија
SolidWorks има избрано повеќе од 500 клиенти на Солфинс само во Македонија, Србија и Црна Гора!
За вашите потреби
SOLIDWORKS претставува палета на софтверски решенија за машинско и електро дизајнирање и управување со целокупниот процес на развој со алатки кои помагаат во производство, контрола на квалитет, набавки, продажба, маркетинг и финансии во вашата компанија - подолу погледнете ја целата палета на SolidWorks софтвер.
За вашата индустрија
SOLIDWORKS има специфични решенија за вашата индустрија и алатки за организирање на целокупната работа, тимска соработка, управување со проекти, документација, измени и процеси. Затоа го користат милиони инженери ширум светот во најразлични индустрии.
За вашите стандарди
Solfins и SOLIDWORKS единствени имаат решение за секое барање на корисникот - без разлика дали е тоа трајна лиценца за 3D CAD на Windows desktop OS, или решение кое работи во синергија со 3DEXPERIENCE платформата која ги зачувува информациите на Cloud!
SolidWorks 3D CAD
Најпродуктивниот и најпопуларниот 3D CAD софтвер во Србија и во целиот свет!
SolidWorks се учи на факултетите и училиштата, најмногу компании го користат, најмногу инженери го познаваат, има најдобро и најпродуктивно корисничко опкружување и најлесен е за учење...
Што сѐ може еден SolidWorks?
- Едноставно 3D моделирање на делови
- Работа со било кои CAD формати
- Технички цртежи секогаш ажурирани и усогласени со вашите изворни 3D модели
- Конструирање на сите видови алат
- Проектирање на склопови
- Проектирање на делови и производи од лимови
- Проектирање на монтажа и заварени конструкции
- Проектирање на делови од пластика
- TOOLBOX - библиотека на стандарди делови
- Професионално рендерирање
- Кинематика и динамика на механизми
- Структурни пресметки за делови и склопови
- Рутинг на цевководи и вентилациони канали
Сите детали за функционалностите на SolidWorks софтверот погледнете ги на српски јазик овде >
Производите на клиентите Solfins се дизајнирани во софтверот SolidWorks
Изберете пакет SolidWorks според вашите потреби
SolidWorks STANDARD
Содржи сè што е потребно за проектирање на производи од метал, профили, лимови, пластика, како и основни можности за визуелизација, проверка на делови и склопови. Недостатокот на библиотека со компоненти и други алатки од Professional пакетот го прави тоа што Standard пакетот најчесто го среќаваме кај техничари или проектирачи на поединечни делови чијшто модели потоа ги користат инженерите.
SOLIDWORKS STANDARD главно го користат програмери на CNC машини како основа за својот SolidCAM софтвер или корисници на 3D печатење затоа што нивниот фокус на поединечни делови не бара повисок Professional пакет.
SolidWorks PROFESSIONAL
Најпопуларниот SolidWorks пакет за машински инженери бидејќи покрај сите функционалности од Standard пакетот, тој содржи и голема библиотека на стандардни компоненти (Toolbox) кои лесно се интегрираат во вашите проекти. Само ова ќе ви заштеди стотици часови годишно, а вашите проекти ќе бидат целосно дефинирани до последниот детал.
Покрај Toolbox-от, SolidWorks Professional пакетот вклучува и SolidWorks Visualize софтвер за професионално рендерирање на слики, проверка на доследноста на примена на вашите интерни стандарди, напредни алатки за увоз на геометрија, итн.
SOLIDWORKS PROFESSIONAL најчесто го избираат инженери дизајнери и конструктори на машини, алати, конструкции, производствени линии, различни производи кои во своите склопови покрај делови, профили и лимови имаат и низа други компоненти и подпотсклопови.
SolidWorks PREMIUM
Најмоќниот SolidWorks 3D CAD пакет кој содржи сè што и претходните два пакети со 90% од функционалностите на SolidWorks Simulation Standard пакетот софтвер за FEA/MKE симулации, како и специјализирани модули за рутирање на кабли, цевководи, вентилациони канали (Piping&Routing), развивање на сложени површини (Flatten Surface), пресметка на цени и давање понуди лесно на ниво на комплетен склоп, итн.
SOLIDWORKS PREMIUM го избираат напредни инженери кои работат на развој на сложени и специфични склопови, производи и алати, сложени конструкции, објекти, процесни постројки и слични проекти.
Останалите SolidWorks софтвери
SOLIDWORKS
3D CAD
Развој на производи, конструкција, технологии, изработка на техничка документација и креирање на излезни спецификации, листа на делови, потрошувачка на материјали.
SolidWorks
ELECTRICAL
Решение за електро-шењење, кое едноставно креира еднополни, повеќеполни шеми, блок дијаграми и излезни извештаи. Содржи стандардани алатки за 2D цртање и сеопфатна библиотека на електро-симболи.
SolidWorks
COMPOSER
Софтвер за изработка на инструкции и упатства за производство, монтажа, користење или одржување врз база на постоечки 3D CAD модел.
SolidWorks
INSPECTION
Специјализиран софтвер кој претставува надградба на SolidWorks софтверот за изработка на документација за контрола на квалитетот, врз база на постоечки 3D CAD, PDF или TIFF цртежи.
SolidWorks
MBD
Решение кое целосно ја елиминира потребата за 2D цртеж служи за дефинирање, организирање и објавување на 3D PMI (Product Manufacturing Information) во стандардни формати како што се 3D PDF, eDrawings.
SolidWorks
PDM
Управување со сите типови документи и информации кои се поврзани со производи, проекти и администрација во вашата компанија. Следење на промени, тимска работа, автоматизација на workflow, централизација.
SolidWorks
VISUALIZE
Софтер за фото-реалистично рендерирање со моќни опции кои можат да бидат корисни за сите кои имаат потреба да создаваат професионални слики, анимации и друг 3D содржина на најлесен и најбрз можен начин.(Visualize Standard веќе е достапен во пакувањето SolidWorks 3D CAD Professional).
SolidWorks
SIMULATION
Комплет софтверски алатки за симулација на реални работни услови на вашите конструкции и производи во виртуелно опкружување(Алатките за Simulation веќе се достапни во пакувањето SolidWorks 3D CAD Premium!).
SolidWorks
CFD
Симулација на внатрешни или надворешни струења на течности и гасови. Овозможува пресметка на падови на притисок, влијание на притисокот на флуидот, брзина на струење, размена на топлина, греење и ладење, сили предизвикани од дејство на флуидот.
SolidWorks
Plastics
Симулација на процесот на инјекциско леење на пластика. Овозможува предвидување на сите проблеми и дефекти на пластични делови кои се резултат на лош дизајн на делот, алатот или се последица на параметрите на машината за леење.
SolidWorks
Manage
Управување со проекти, процеси, компоненти и варијанти на производи, решението е надградба на SolidWorks PDM и нуди бројни автоматизации, извештаи и контроли табели кои ви помагаат подобро да го согледате вашиот бизнис.






















