Skip to Content

SolidWorks Visualize

Фото-реалистични слики и анимации со минимално време за подготовка на 3D моделот

Барате презентација и понуда >

Рендер за сите 3D модели

Лесно уредете го внатрешниот процес на изработка на професионални фото и видео рендери на вашите производи и проекти

SOLIDWORKS Visualize на најлесен и најбрз можен начин креира фото-реалистични слики, анимации, па дури и VR содржини за сите типови 3D модели. 

Прилагоден е и за нетехнички корисници, кои користејќи напредни опции во едноставен кориснички интерфејс многу брзо можат да креираат квалитетна содржина.

SolidWorks VISUALIZE е тесно поврзан и со SolidWorks 3D CAD софтверот, што воедно го прави идеален рендеринг софтвер за 3D модели добиени од SolidWorks софтверот.

Оживејте ги вашите производи!

Ако проектирате во 3D CAD софтвер, можете веднаш да добиете рендери - без потреба од ангажман на специјални професионалци.

Фото и видео рендерите кои сами ќе ги направите во SolidWorks Visualize софтверот веднаш ќе бидат повеќе од доволни да го привлечат вниманието на купувачите и да го продадете производот!

Доколку се укаже потреба, лесно ќе го надградите внатрешното знаење и ќе го искористите целосниот потенцијал на софтверот да ви испорача сè што ви треба. 

Совладувањето на софтверот е едноставно со Solfins обуки, целогодишна техничка поддршка и бесплатни ресурси за учење кои ги обезбедува и компанијата SolidWorks.

Основни функционалности на SolidWorks VISUALIZE

Креирање фото-реалистична содржина


Фото-реалистичните слики и анимации креирани со користење на SOLIDWORKS Visualize софтверот ги симулираат реалните природни услови, од материјали и текстури па до приказ на сончева светлина во точното време од денот. Анимирањето на камери или креирањето ротација на моделот за 360 степени се врши со само неколку клика.

Времето потребно за рендерирање на SOLIDWORKS Visualize содржината е сведено на минимум бидејќи SOLIDWORKS Visualize може да ги искористи перформансите на графичката картичка со постигнување на ист квалитет на приказ. SOLIDWORKS Visualize поседува и Denoiser технологија која го забрзува рендерот дури до 10 пати!

Креирање Панорамска или Virtual Reality (VR) содржина


Со користење на SOLIDWORKS Visualize софтверот, промоцијата на производи може да се подигне на ново ниво со креирање содржина прилагодена на Виртуелна реалност и VR уреди. VR содржината им овозможува на корисниците и купувачите да го доживеат производот, машината или постројката како да им е на дофат на рака.

Интеграција со SOLIDWORKS


 Тесната врска со SOLIDWORKS 3D CAD овозможува автоматско освежување на 3D моделот во SOLIDWORKS Visualize софтверот со најновата верзија и сите измени кои се воведени во основниот SOLIDWORKS 3D CAD модел.

Независно и едноставно софтверско решение


 SOLIDWORKS Visualize е независно софтверско решение кое не зависи од CAD софтверот. Интуитивниот и едноставен интерфејс го прават идеален за неинженерски корисници кои со соодветна обука можат да креираат најквалитетни фото-реалистични содржини за само неколку дена.

Достапен на корисниците на SOLIDWORKS 3D CAD одржување


SOLIDWORKS Visualize Standard е достапен на корисниците кои се на редовно годишно одржување на SOLIDWORKS 3D CAD Professional или Premium софтверскиот пакет.

SolidWorks VISUALIZE пакети

Достапни се опции за годишни, трајни и cloud лиценци во два пакета:

SolidWorks VISUALIZE

Standard

Основниот Visualize пакет нуди алатки за креирање базична фото-реалистична содржина (слики и анимации), интеграција со SOLIDWORKS

Барате презентација и понуда >
  •  Креирање фото-реалистични слики и базични анимации
  •  Интеграција со SOLIDWORKS
  •  Бесплатна библиотека на материјали, текстури и рендеринг опкружувања
  •  Поддршка за графички картички и Denoiser
  •  Поддршка за голем број CAD формати

SolidWorks VISUALIZE

Professional

Professional Visualize пакетот нуди сè што и Standard пакетот, но со можност за креирање професионална видео и VR содржина, конфигурации на производи, итн.

Барате презентација и понуда >
  •  Креирање напредни фото-реалистични анимации и слики вклучувајќи и VR содржина
  •  Увоз на анимации креирани во SOLIDWORKS
  •  Поддршка за приказ на сончева светлина
  •  Конфигурабилни филтри за камера во реално време
  •  Поддршка за Network rendering
SolidWorks Visualize софтвер

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!