SigmaNEST

Најнапредниот CAD/CAM nesting софтвер во светот!

Еден софтвер > една обука за сите луѓе > еден процес на програмирање за сите ваши машини за сечење - ласер, плазма, waterjet, гас, punch-press, комбо ласер/пунч, рутер, дупчење, текстил/композити (нож, тркало за сечење), сечење под агол (bevel cutting), ...

Што е SigmaNEST?

Софтвер за програмирање на CNC машини за сечење лимови и други плочести материјали, тканини и композити со подсистем за nesting или креирање кројни листи, кој гарантира минимална потрошувачка на материјал, со алгоритми за намалување на циклусните времиња, кои водат до намалена потреба за работна сила и придружна логистика.

SigmaNEST доаѓа и со повеќе од 1500 готови постпроцесори за автоматско програмирање на сите ваши CNC машини за сечење!

Зошто SigmaNEST?

SigmaNEST алгоритми за nesting и сечење, носат значајни предности во однос на други решенија на пазарот благодарение на нивната напредна технологија за оптимизација:

  • Максимална искористеност на материјалот: SigmaNEST користи софистицирани алгоритми како TrueShape и part-in-part nesting за постигнување максимална искористеност на материјалот, што ја намалува отпадоците и трошоците на производството. Овие функции овозможуваат прецизно подредување на деловите на плочата, вклучувајќи остатоци, со што се намалува отпадот за дури 18%.
  • Намалување на времето за сечење: Алгоритмите ги оптимизираат секвенците на сечење, користејќи техники како common-line cutting и минимизација на бројот на пробивања (pierces). Ова резултира со побрзи циклуси на работа на машините и зголемување на продуктивноста и до 30% во некои случаи.
  • Универзална примена: SigmaNEST поддржува широк спектар на технологии за сечење, вклучувајќи ласер, плазма, воден млаз и oxy-fuel, овозможувајќи им на корисниците да користат едно решение за сите нивни машини. Ова го поедноставува работниот тек и ја намалува потребата за повеќе софтверски решенија.
  • Автоматизација и прилагодливост: Софтверот автоматски генерира оптимални распореди во дадени временски интервали (на пр. HD SuperNest), што овозможува континуирана оптимизација додека не се постигне најдобар резултат. Оваа функционалност заштедува време и обезбедува висока ефикасност дури и кај сложени барања.
  • Прецизност и контрола на квалитет: SigmaNEST интегрира напредни функции за контрола на квалитет, вклучувајќи оптимизација на параметрите за сечење за да се намали дисторзијата од топлина и да се подобри квалитетот на рабовите. Ова е особено корисно кај ласери и воден млаз каде прецизноста е клучна.

Овие карактеристики го прават SigmaNEST лидер во индустријата, нудејќи им на корисниците можност за намалување на трошоците, зголемување на продуктивноста и постигнување врвен квалитет во процесите на сечење.

Управување со комплетниот процес од понуда до испорака

Sigma решенија овозможуваат пресметување на цени и следење на комплетната работа од влез на материјалот во магацин до испорака на готовите производи до купувачот, со следење на залихи и присилна употреба на остатоци (remnant management). Убавината на SigmaNEST решенијата е во тоа што можете да започнете со софтвер за програмирање на машини и nesting и над него како сложувалка да додавате модули до комплетно решение. Ајде да видиме кои се сите дополнителни подсистеми на SigmaNEST софтверот и што е специфично за алгоритмите за nesting и сечење...

Интеграција со сите 2D и 3D софтвери и формати

Без разлика дали имате сопствен развој или добивате документација по која услужно произведувате, првиот чекор е анализа на цртежот и 3D геометријата од вашиот развој или од вашите купувачи.

SigmaNEST има интеграција со сите водечки CAD софтвери, препознава и сите неутрални формати. Поддржува SolidWorks, Inventor, Creo, Solidedge, STEP, ACIS, DXF, DWG, DSTV, IGES, CDL, G-код, BC ESSI код... 

Со директна 3D CAD интеграција софтверот може да анализира комплетни склопови и врз основа на геометријата да одбере и групира делови кои можат да се програмираат, од кои формира производна составница на вашиот производ.


Деловите можат да се увезуваат поединечно или во вид на составници со единични количини, каде SigmaNEST може да ги следи низ процесот на програмирање и работни налози, комплетни производи со нивните составници. Деловите се сортираат според квалитетот (тип), дебелина на материјалот и единична количина која се презема од составницата. Паметниот CAD увоз автоматски ги пресметува производната цена и циклусните времиња за сечење и савивање. 

Доколку управувате со измени со помош на ревизии, преку сопствениот PDM/PLM софтвер или управувате со ревизии над датотеките кои ги добивате од вашите купувачи, Sigmanest ќе врз основа на работниот налог секогаш го произведе саканиот ревизија, бидејќи во себе има механизми за следење на измени.

Пресметка на цена на чинење, давање понуди и креирање производни наредби (SigmaQuote)

Подсистемот за давање понуди овозможува да се дефинира комплетна листа  на операции (технолошка рута) со операции на сечење но и сите други секундарни операции (савивање, отстранување на рабови, израмнување, брусење, полирање, боење, пластификација, машинска обработка, заварување...), кои даваат можност за сеопфатна пресметка на цената на чинење, но и подоцнежно разредување на деловите врз основа на следните операции. 

CAD датотеките ги увезуваме во SigmaNEST, врз основа на количини и сите операции, ги формираме цените и понудата. По потврда на добиената работа, понудата станува работен налог и програмерите и технолозите добиваат наредба да започнат со подготовка за производство каде софтверот им овозможува да комбинираат делови од повеќе различни работни налози. 

Самиот модул за давање понуди, не мора да се сфати во согласност со своето име, некои фирми даваат понуди и калкулираат цени преку други софтвери, или имаат договори со дефинирани цени, но можат овој модул да го користат како алатка за подготовка на производството, каде ги внесуваат сите нарачки на купувачите и даваат наредба на технологијата и производството што треба да работат со автоматска проверка на производните трошоци, кои можат да ги споредуваат со продажните или плановите цени.

Креирање работни налози за сечење или пробивање (Job Tracking and Scheduling)

Работниот налог се креира на неколку начини:

  • Со промена на статусот на понудата во работен налог (прикажано на горното видео)
  • Со рачно креирање на работен налог
  • Со увоз на работни налози од вашиот ERP софтвер
  • Директно од SigmaMRP модулот доколку е имплементиран

Работниот налог, заедно со составниците и CAD геометријата е предуслов програмерот да започне изработка на технологијата преку nesting и програмирање на патеки за сечење.

Самиот модул е понатаму фокусиран на следење и управување со работните налози во текот на производниот циклус. Тој интегрира следење на работи со можности за закажување за да обезбеди ефикасно управување со работните процеси. Клучните функции вклучуваат:

  • Автоматско следење на количината на делови: Ги следи статусите на деловите во сите налози, обезбедувајќи точно ажурирање на залихите.
  • Известување за статусот на работните налози: Дава ажурирања во реално време за напредокот на работите, од "на чекање" до "во процес" и "завршено".
  • Контрола за задржување/пуштање на налозите: Им овозможува на корисниците да управуваат кога работите или деловите се пуштаат во производство.
  • Batch обработка на составници (BOM): Олеснува ефикасно ракување и обработка на составници (Bill of Materials) за повеќе работи.
  • Интегрирани алатки за известување: Нуди однапред дефинирани шаблони за трошоци, залихи и машински операции, кои можат да се прилагодат.

Овој модул е идеален за обезбедување точно следење и закажување на работи во производната средина. Се фокусира на ефикасно управување со поединечни работни налози.

Програмирање, паметен nesting и планирање преку nesting

Самиот израз "NESTING", се однесува на оптимално геометриско вклопување на делови во димензиите на подлогата од која се произведуваат деловите. Поинаков назив за nesting се и кројните листи. SigmaNEST процесот на програмирање започнува со креирање на nesting или кројни листи, а продолжува со програмирање на самите патеки на агрегатите за сечење или алати, ножеви, глави за косо сечење (bevel cut) во зависност од тоа со која технологија или тип на машина се изведува сечењето. Конечно се генерира управувачка програма (G-код), која се прилагодува на секоја машина преку постпроцесор за секоја машина посебно.

SigmaNEST на пазарот на nesting софтвери важи како апсолутен лидер и неговите напредни алгоритми, само на заштедата на материјал ја оправдуваат инвестицијата, без разлика дали веќе имате некој друг софтвер или не.

Во многу софтвери можете да ја забрзате машината и да го скратите циклусното време на сметка на квалитетот, но SigmaNEST има најоптимални алгоритми за движење на машината кои водат сметка деловите да не се деформираат поради генерирање топлина или да не се оштетат поради други причини и само на овој сегмент на софтверот, заштедувате дополнителни 15-20% на циклусни времиња.

На следното видео имате краток приказ на работното опкружување на SigmaNEST софтверот и процесот на работа во него за примери на ласерско сечење, сличен или речиси ист пристап се однесува на плазма, water-jet, гасно сечење, додека програмирањето на пробијачици се разликува, имајќи предвид дека процесот се изведува со користење на алати и матрици.

Приказ на работа во SigmaNEST софтверот на пример за ласерско сечење и сечење на пробијачици (Punch Press)

SigmaNEST општ преглед на решението

SigmaNEST - Puch преса

Самиот nesting во SigmaNEST покрај процесот за дефинирање на технологијата на сечење, треба да се сфати и како почетен чекор во планирањето на производството. Софтверот на ниво на работен налог има информации за рокот на испорака, за следните операции, низ кои деловите поминуваат, има информација за материјалот, дебелина на лимот, приоритет. Со комбинирање на тие информации софтверот дозволува комбинирање на работни налози во рамките на истиот nesting или табла материјал!

Знаеме, сега ќе некои од вас да кажат дека тоа не е можно во вашата фирма, поради подоцнежното сортирање, одделување на делови, групирање според производот, зафаќање на складиштениот простор, следните операции но токму тие критериуми можете да ги зададете на софтверот како услов и да во исто време штедите материјал, но да сепак софтверот се прилагоди на вашите специфични барања и да комбинирате повеќе налози одеднаш. Дополнителната погонска апликација за операторите им дава визуелна информација за снемување и разредување на делови од машината (види слика), што обезбедува избегнување на сите типични грешки и тешкотии.

Еве неколку примери, со критериуми кои можете да ги зададете на софтверот за оптимална искористеност на материјалот но и за минимално ангажирање на придружна логистика и работна сила. 

Пример 01 - заштеда на материјал

Ако основен критериум е цената на материјалот, а разредувањето и снемувањето на делови од машината не е предизвик, SigmaNEST ги комбинира сите работни налози во една единствена кројна листа, давајќи ви несоборлива искористеност на материјалот. Покрај техниките за користење на остатоци од поранешни сечења (remnant management), употреба на таканаречени "filler" делови (делови кои секогаш ви се потребни и кои софтверот произведува и кога немате побарувачка со цел искористување на материјалот), добивате максимум од достапниот материјал. Самиот алгоритам, има можност да ги превртува деловите, да ги ротира во сите агли, прави слика во огледало, а сè со цел најголема заштеда. Секако постојат и дополнителни критериуми каде му кажуваме на софтверот дека мора да го почитува рокот на испорака, или да го прекорачи токму толку за да имате заштеда, а клиентот да не се налути премногу. Види слика.

Пример 02 - олеснето снемување, сортирање и групирање на делови

Ако сакате да го олесните разредувањето на деловите и логистиката, Sigmanest комбинира различни нарачки, налози, производи но така што ги групира според налогот, следната операција, производот и во рамките на поставените ограничувања ви дава максимална заштеда на материјал, циклусни времиња и намалена логистика и помал број на ангажирани работници. Всушност софтверот се труди на една табла да ги комбинира деловите по зададен критериум, каде само на поединечни "транзициони" табли се комбинираат критериумите но преку бои, извештаи и погонски апликации може значително да се олесни снемувањето на деловите и одлагањето на транспортни палети.

Во општ случај секоја боја може да претставува една нарачка на купувач, еден работен налог, еден производ, подсклоп, еден датум на испорака, следна операција (савивање, брусење, заварување, боење)... Со ова постигнавме комбинирање на различни работни налози на кројните листи, но со олеснето снемување и разредување од машината. Придружните извештаи или погонски апликации им олеснуваат на операторите идентификација на делови со цел нивно адекватно разредување.

Управување со остатоци (remnants)

SigmaNEST автоматски ги избира соодветните големини на потребните табли или остатоци од претходни процеси за нов работен налог и тоа според приоритетите со флексибилност да ги измените избраните опции според други критериуми. Некои фирми имаат таква логика на работа што секогаш користат нови и цели табли, а потоа неколку пати месечно имаат ден кога сечат само од остатоци, додека ги не потрошат. Без разлика на вашата стратегија SigmaNEST може да се подеси да ја следи вашата раст, развој и еволуција.

Кога работите Nesting SigmaNEST има во себе подсистем во кој ги дефинираме правилата за генерирање на остатоци (remnants). Ако на пример имаме остаток во облик на латиничната буква "L", каде краците се долги, тоа не ни е баш погодно за складирање и чување па можеме да кажеме дека таквите делови се претвораат во два правоаголника. Делови под некоја критична површина, можеме веднаш да ги прогласиме за отпад и да ги снемеме од состојба. Секој дел се означува и постои можност во погонските апликации да се внесе магацинска локација на која се складирани остатоците. За да функционира сè ова потребно е малку да го прилагодите вашиот погон и да направите регали во кои можете да чувате остатоци така што тие да бидат лесно пристапни и со обележани локации. Тогаш софтверот при nesting самиот ќе го одбере остатокот и ќе му каже на операторот и програмерот каде може да го пронајде.

На сликата подолу гледате некои од искористените остатоци, а повеќе за оваа тема прочитајте во одвоениот текст - Управување со остатоци (LINK) >

Планирање и терминирање на производството според приоритети - SigmaSCHEDULE

SigmaSchedule е самостојна апликација дизајнирана за динамично терминирање и планирање на сложени операции на ниво на вашата комплетна производство. Нуди напредни можности за закажување кои ги надминуваат основните можности за следење на работи. Клучните функции вклучуваат:

  • Планирање нанапред и наназад (forward and backward scheduling): Корисниците можат да закажуваат работи што е можно порано (FIFO) или наназад од рокот на испорака (just-in-time).
  • Планирање со поврзани операции: Ракува со секундарни операции како савивање, заварување и боење, обезбедувајќи дека .претходните операции се завршени навреме за следните.
  • Динамично ажурирање на планот: Автоматски го прилагодува распоредот врз основа на застои како што се дефекти на машини или итни, приоритетни работи ("hot jobs").
  • Оптимизација на програмите и редоследот на извршување на програми за готови кројни листи: Ефикасно ги закажува програмите кои содржат делови од повеќе работи (работни налози).
  • Повторно планирање за целата производство (re-terminирање): Може повторно да ги закаже сите работи во статус на производство во било кој момент во текот на денот врз основа на тековните капацитети и приоритети.
  • Интеграција со SigmaMRP и SigmaQUOTE: Им овозможува на продажбата да однапред ги закажува работите за време на креирањето на понуди за да ги потврдат роковите на испорака пред прифаќање на нарачката.

Оваа алатка е прилагодена на компании кои бараат напредни можности за планирање низ повеќе операции и машини на ниво на целата производство, за операции поврзани со сечење но и сите други технолошки операции кои се одвиваат во вашата производство или кај вашите подизведувачи.

Делегирање на работи по машини (работни центри) - Load Manager

Откако ги увезовме составниците, CAD датотеките, ги креиравме понудите, работните налози и ги направивме nesting и програмирање на машините, ги дефиниравме редоследот на програми и налози, потребно е да ги расподелиме сите работи и операции по сите машини и работни центри. Особено во ситуации кога имаме повеќе машини за иста намена, имаме многу начини да ја извршиме истата работа. Наистина, Sigmanest машините со иста намена може да ги групира, така што при изработка на G-код програма, корисникот ја избира групата на машини, а софтверот во позадина прави програми за сите машини од групата. Ова ни овозможува работите да ги префрламе од машина на машина од погонот во било кој момент, а софтверот ќе испрати соодветна програма за секоја машина. 

За оваа намена се користи апликацијата Load Manager која ги поддржува сите Sigma апликации за сечење SigmaNest, SigmaTube и SigmaCTL. Тоа значи дека програмите и работите ќе бидат префрлени на машините и софтверот ќе води сметка сите машини да бидат подеднакво оптоварени.

Следното видео го прикажува load manager на пример за ласерско сечење, каде имаме 3 ласери во една група на машини.


Евиденција и следење на статусот на производството и работните налози

По делегирањето на работните налози по машини, потребно е да го испратиме што се случува потоа во производниот погон.

Работните налози во SigmaNEST имаат свои животни циклуси и статуси за следење. На овој начин го следиме што се случува во производството во реално време, Следењето се случува на неколку начини:

Следење на статусот на работните налози со внесување на статус во самиот SigmaNEST програм

Често во фирмите имаме одвоени улоги на луѓе кои работат подготовка на производството и луѓе кои ја реализираат производната операција. Иако оваа варијанта на следење на статус не е идеална, кај фирми со поделени улоги, може да биде преодно решение кај фирми во кои сите работат сè или барем програмерите на машини имаат постојан увид во случувањата во самиот производен погон.

Следење на статусот на работните налози преку веб апликација - Color Offload (MES)

Операторите во погонот можат самостојно да внесуваат прогрес и статуси за секој работен налог, кројна листа или всушност програма која се извршува, а која има врска со работните налози. Оваа апликација не само што овозможува лека евиденција, туку олеснува и сортирање и разредување на делови по извршеното сечење, бидејќи им овозможува на операторот преку бои да му прикаже делови кои треба да одат на савивање, или делови кои припаѓаат на истиот производ, или иста нарачка на купувач и слично. Во зависност од организацијата на фирмата, операторот тогаш преку визуелен приказ лесно може да ги разреди деловите на однапред подготвени палети и на тој начин значително да ја редуцира придружната логистика.

Преку SigmaNEST Connector модулот сме поврзани со машината и машината испраќа статус во реално време (RealTime MES)

SigmaNEST Connector модулот овозможува директно испраќање на работи на машината во дефиниран редослед заедно со CNC програмите. Покрај тоа тој конектор знае кога е програмата вчитана на машината, кога е започната работа, кога настана застој во средина на работата и кога е програмата завршена. Сите тие статусни информации се враќаат автоматски назад во SigmaNEST апликацијата или било кој сегмент на SigmaNEST софтверот кој дава прикази на статусите на сите работи. Овој модул нуди тотална автоматизација и евиденција без вклучување на луѓе во процесот на евиденција.

Управување со залихи и ERP интеграција

SigmaNEST прецизно ги следи состојбите на материјалот на залихи благодарение на својата специјализирана функционалност за управување со материјал и оптимизација на процесите, што го разликува од класичните ERP системи. Еве клучни причини:

  • Евиденција во реално време и интеграција со производните процеси: SigmaNEST е директно поврзан со машините за сечење и производните операции, овозможувајќи автоматско ажурирање на состојбата на залихи во реално време. На пример, кога материјалот се користи за одреден работен налог, софтверот автоматски ја евидентира потрошувачката и ја ажурира состојбата, вклучувајќи ги и остатоците (remnants), кои можат повторно да се користат
  • Детално следење на остатоци (remnants): За разлика од ERP системите кои често не ги следат прецизно остатоците на материјал по обработката, SigmaNEST користи напредни алгоритми за препознавање и управување со остатоци. Овие остатоци се складираат со точно дефинирани димензии и локации, овозможувајќи нивна повторна употреба во идни процеси, со што се намалува отпадот и трошоците
  • Специфичност за производни процеси: ERP системите се генерално дизајнирани за широк спектар на бизнис функции, но често не се прилагодени на спецификите на производните процеси како оптимизација на сечење на материјал. SigmaNEST е специјализиран токму за такви процеси, нудејќи прецизни податоци за состојбата на залихи врз основа на реалната употреба на материјал во производството. Класичните ERP системи често зависат од рачен внес на податоци или периодични ажурирања, што може да доведе до грешки или доцнења во евиденцијата на залихи. Спротивно на тоа, SigmaNEST обезбедува целосно автоматизирано и прецизно следење на состојбата на материјал во секој момент.


Преземете ја SigmaNEST брошурата (Англиски јазик) >

Мислите дека ова може да биде решение за вашата производство?

Контактирајте не за да организираме состанок, да ги запознаеме вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!