Skip to Content
Dassault Systemes и Solfins претставуваат

SolidWorks SIMULATION

Тестирајте ги вашите производи додека се уште на компјутер - тогаш е најевтино!

Барате презентација и понуда >
Тестирајте едноставни и сложени делови 
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на делови
Тестирајте заварени конструкции 
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на заварени конструкции
Тестирајте склопови со сите делови 
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на склопови
Тестирајте карактеристични врски на конструкции 
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на монтажни конструкции

Кои технички задачи ги решава SOLIDWORKS Simulation?

SOLIDWORKS Simulation софтверот, според зададените критериуми:

  • самостојно ја оптимизира геометријата на производот така што конструкцијата го носи оптоварувањето со минимална тежина и цена
  • ве предупредува на работни оптоварувања кои ќе го надминат степенот на сигурност и ќе доведат до преголеми деформации и напони
  • може и да ви помогне во одредувањето на работниот век на производот преку анализа на замор на материјалот
  • помага да се избегне опасност по стабилноста или извиткувањето на конструкцијата
  • анализира термички феномени (кондукција, конвекција, зрачење) и предупредува на прегревање на производот или лошо ладење
  • овозможува проверка на конструкции направени од композитни материјали, итн.
  • Анализира големи деформации, делови и склопови, деформации во зона на еластичност и пластичност, нелинеарни проблеми, динамичко однесување на конструкции (динамички одзив на системот, вибрации, итн.).
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на конструкции

За кого е наменет SOLIDWORKS Simulation?

SOLIDWORKS Simulation претставува сеопфатна колекција на напредни алатки за напредни пресметки и симулации кои се наменети за секој инженер:

  • доволно е едноставен да не бара експертски знаења
  • секој машински инженер кој се занимава со проектирање и конструкција може и треба да го користи секојдневно, за да носи правилни инженерски одлуки
  • интегриран е со SolidWorks 3D CAD софтверот што значително го забрзува процесот на итерации и ажурирања на вашиот проект.
Со помош на SOLIDWORKS Simulation софтверот обезбедете:

  • безбедност на производот
  • конкурентност преку оптимизација на односот квалитет и цена на производот
  • технички барања во поглед на параметри на работа, траење, оптоварување
  • примена на интерни стандарди за секој нов проект.
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на пружини

Статичка анализа

Пресметка на напони и деформации

SOLIDWORKS Simulation им овозможува на корисниците на своите постоечки склопови да ги дефинираат односите помеѓу деловите, да постават надворешни оптоварувања, да ја стартуваат симулацијата и да ги погледнат извештаите од кои можат да го согледаат напонската состојба, деформациите, релативните деформации, дистрибуцијата на степенот на сигурност...

Овој модул дава одговор на следниве прашања:

  • Дали ќе дојде до лом поради оптоварување?
  • Дали може поевтино и полесно?
  • Дали може од друг материјал?
  • Проверка на степенот на сигурност?
  • Проверка на тенкоѕидни конструкции (Shell елементи)?
  • Анализа на решеткасти конструкции (Beam елементи)
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на замор на материјал

Фреквентна анализа

Одредување на фреквенција

Постојат дејности во кои е многу важно да се избегне областа на дејствување на фреквентни оптоварувања кои можат да доведат до самопобудни вибрации, односно резонанца.

Постојат и оние фирми чии производи исклучиво правилно работат кога ќе се погоди резонантната учестаност и обликот на осцилирање. Компанијата Telsonic од Каќ произведува ултразвучни сонотроди кои се засноваат токму на овој принцип. 

Користењето на овој модул може да се одредат следниве параметри на машинскиот систем:

  • Сопствена учестаност
  • Резонанца
  • Вибрации
  • Бучава
SolidWorks SIMULATION FEA симулација на фреквенции

Фреквентна анализа

Динамички симулации на вибрации

Frequency - основни тестирања на природни вибрации за проверка на крутоста на објектите без потреба од внес на оптоварување

Modal Time History - анализи засновани на временски влезови, вклучувајќи сили, забрзувања, брзини и распоред на вибрации, со акцелерометарски читања

Frequency-based Analysis - влезови засновани на фреквенции (наместо на временски интервали), со помош на кои ги анализираме амплитудите со цел предвидување на точката во која објектот не може повеќе да ги издржи вибрациите. Овде спаѓаат три типа на посебни анализи: Harmonic Analysis, Random Vibration (PSD анализи) и Response Spectrum Analysis.

SolidWorks SIMULATION FEA

SOLIDWORKS Motion Кинематика и динамика на механизми

Time-Based Motion

SOLIDWORKS Motion врши симулации на работа на подвижни елементи во склопови. Со дефинирање на мотори, контакти и оптоварувања кои дејствуваат на целиот систем, софтверот ги пресметува оптоварувањата на поединечните делови.

На конструкторот му дава одговор на прашањата дали механизмот ќе работи, дали деловите ќе се скршат или пластично деформираат, ги одредува брзините и забрзувањата на подвижните елементи, ги прикажува податоците во облик на дијаграми...

Погледнете како инженерите на Solfins решаваат реални инженерски проблеми со примена на овој модул.

SolidWorks SIMULATION Motion симулација на движење

SOLIDWORKS Motion Кинематика и динамика на механизми

Event-Based Motion

Овој модул прави сè што и time-based анализата, но има можност за дефинирање на комплетни гантограми на еден систем или машина и едноставно пресметување на циклусните времиња и подготовка за програмирање на PLC за управување.

Системот ни дозволува математички да ги моделираме моторите, актуаторите, сензорите и нивните криви и врз основа на симулацијата да согледаме како навистина ќе работи нашата машина.
SolidWorks SIMULATION FEA

Динамичка анализа

Оптоварувања во динамички услови на работа

SOLIDWORKS Simulation може да изврши линеарна и нелинеарна динамичка анализа.

Линеарна динамичка симулација го изучува дејството на принудни вибрации на набљудуваните конструкции или производи. Овозможува и задавање на временски зависни оптоварувања и анализа на временски зависни резултати.

Нелинеарна динамичка симулација го изучува дејството на временски зависни оптоварувања на нелинеарни материјали. Ги утврдува ударните сили како и брзините, забрзувањата, напоните, поместувањата и релативните деформации.

SolidWorks SIMULATION FEA симулација на извиткување на конструкции

Нелинеарна анализа

Напони и деформации надвор од границата на еластичност

Нелинеарноста може да се изрази преку анализа на материјали како што се пластика, еластомери или метали кои различно се однесуваат при високи напрегања.  

SOLIDWORKS Simulation овозможува анализа кај која е присутна и можна трајна деформација. Со користење на овој софтвер можно е да се набљудуваат и ефектите на течење на материјалот, големи деформации (пружински елементи), промени на својствата на материјалот со промена на температурата...

SolidWorks SIMULATION FEA

Анализа на извиткување и стабилност на конструкции

Линеарно и нелинеарно извиткување

Оптоварувањето на извиткување претставува едно од најсложените и најкритичните деформациони состојби на машинската конструкција, па затоа е потребно детално да се провери во процесот на верификација на дизајнот.

SOLIDWORKS Simulation во виртуелно опкружување овозможува симулација на производот на линеарно (Euler-ово извиткување) но и нелинеарно извиткување. Една од предностите на SOLIDWORKS Simulation софтверското решение е и фактот што оптоварувањето на извиткување може да се анализира со и без влијание на надворешни оптоварувања. Може да се анализираат индивидуални делови и склопови.

SolidWorks SIMULATION FEA симулација на извиткување

Термална анализа

Одредување на температурното поле

Модулот за термална анализа во SOLIDWORKS Simulation софтверот овозможува одредување на влијанието на термичките промени врз конструкцијата, анализа на трансфер на топлина со кондукција, конвекција и зрачење. Со користење на овој модул корисникот може да изврши анализа на проблемите кои настануваат поради загревање или ладење на конструкцијата.

Приказот на распределбата на температурата (температурното поле) на набљудуваниот објект му помага на конструкторот подобро да го разбере влијанието на термичките напони врз цврстината на машинскиот систем или конструкцијата, и врз основа на добиените податоци да ја изврши потребната модификација.

SolidWorks SIMULATION FEA

Анализа на композити

Композитни конструкции

Овозможува анализа на композитни структури, направени од повеќеслојни материјали или сендвич панели. Цврстината на композитните материјали се анализира преку неколку различни критериуми за отказ: Tsai-Hill, Tsai-Wu или преку анализа на максималните нормални напони.

SolidWorks SIMULATION FEA симулација на композитни материјали

Оптимизација на конструкции

Повеќекритериумска анализа на конструкција

Повеќекритериумската оптимизација автоматски ги одредува оптималните конструкциски карактеристики на производот и конструкциите врз основа на дефинираните критериуми.

Основните критериуми можат да бидат пресметка на цврстина, деформација, термички услови, вибрации, стабилност или извиткување. Врз основа на тие критериуми системот ја оптимизира геометријата, волуменот или масата и му овозможува на корисникот да:

  • Пронајде едноставен пат до најдоброто решение
  • Го спореди трошокот на дел/склоп од различни материјали
  • Увиди дали дел/склоп може да биде поевтин, полесен или помал
SolidWorks SIMULATION FEA

Анализа на пад и удар (Drop-Test)

Симулација на пад од височина

Со користење на SOLIDWORKS Simulation во виртуелно опкружување може да се одреди што ќе се случи при пад на производот или конструкцијата на различни видови подлоги.

Симулацијата на пад од височина може да одреди и што се случува помеѓу деловите на производот при пад, што дополнително помага во процесот на верификација на дизајнот на производот.

SolidWorks SIMULATION FEA симулација на пад на предмет

Анализа на садови под притисок

Pressure Vessel Design

Анализата на садови под притисок се врши под влијание на комбинација на надворешно оптоварување, притисок во садот и температура за да се утврдат напоните во ѕидот на садот во согласност со меѓународните стандарди и норми.
SolidWorks SIMULATION FEA садови под притисок

Тополошка студија

Автоматизирана оптимизација на делови

Topology Study му овозможува на корисникот автоматски да ја оптимизира геометријата на делот со постигнување на еден од следниве три параметри:

  • Најдобар однос на цврстина и маса на делот
  • Постигнување на најмали можни деформации (displacement)
  • Намалување на масата со остварување на деформации помали од зададените
SolidWorks SIMULATION FEA

SolidWorks SIMULATION пакети

SolidWorks SIMULATION

Standard

Standard Simulation пакетот содржи основна линеарна статичка анализа за делови и склопови, анализа на замор и анализа на движење на механизми. На корисниците им нуди можност за напредно постпроцесирање и подготовка на модели за анализа

Барате презентација и понуда >
  •  Линеарна статичка анализа за делови и склопови
  •  Анализа на кинематика и динамика на механизми (time based motion)
  •  Анализа на замор на конструкции
  •  Напредни алатки за постпроцесирање
  •  Напредни алатки за подготовка на модели за анализа
  •  Споредување на резултати помеѓу различни симулациони студии
  •  Следење на трендови на набљудувани параметри при варирање на конструкцијата
  •  Напредни функционалности на Professional пакетот

SolidWorks SIMULATION

Professional

Professional Simulation пакетот содржи сè што и Standard пакетот, со дополнителни функционалности во поглед на фреквентна анализа, термална структурна анализа, анализа на извиткување, анализа на пад од височина и анализа на садови под притисок

Барате презентација и понуда >
  •  Анализа на стабилност и извиткување
  •  Анализа на кинематика и динамика на механизми (event based motion)
  •  Термална анализа
  •  Анализа на пад од височина (drop test)
  •  Анализа на садови под притисок
  •  Оптимизација на производ врз основа на податоци од симулационата студија
  •  Најнапредни алатки за подготовка на модели
  •  Тополошка студија
  •  Можност за нелинеарна анализа

SolidWorks SIMULATION

Premium

Premium Simulation пакетот е најсеопфатниот SOLIDWORKS Simulation пакет и содржи сè што и Professional пакетот, со дополнителни функционалности во поглед на динамичка анализа и анализа на производи од композитни материјали

Барате презентација и понуда >
  •  Линеарна динамичка анализа - Modal Time history
  •  Линеарна динамичка анализа - Harmonic
  •  Линеарна динамичка анализа - Random vibrations
  •  Линеарна динамичка анализа - Response spectrum
  •  Нелинеарна статичка анализа
  •  Нелинеарна динамичка анализа
  •  Анализа на композити
  •  Поддршка за временски зависни оптоварувања
  •  Поддршка за големи деформации
  •  Вршење на симулациони пресметки на повеќе компјутери со цел заштеда на време

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!