Skip to Content

SolidWorks COMPOSER

Креирање на интерактивни упатства брзо, лесно и едноставно

Барате презентација и понуда >

Решение за упатства, каталози на резервни делови, инструкции за монтажа и сервис..

SolidWorks Composer е софтвер кој се користи за изработка на технички упатства. Ви овозможува брзо да креирате 2D или 3D графички содржини, со кои јасно ги објаснувате и презентирате вашите производи и процеси. Софтверот ви овозможува да работите директно со постоечкиот 3D модел на вашата конструкција и да креирате висококвалитетни векторски илустрации, фотореалистични слики и интерактивни анимации.

Суштината на проблемите кои ги решава Composer се јасните илустрации, усогласени со воените и други технички стандарди, кои ниту еден CAD софтвер не може на тој начин да ги прикаже со сенки и изолинии во векторски формат (SVG).

Секоја измена на техничката документација се рефлектира и на упатството, со што обезбедувате интегритет на сите информации на ниво на вашата фирма!

Едноставноста и интуитивноста на SOLIDWORKS Composer им овозможува дури и на нетехнички корисници да креираат интерактивна содржина користејќи ја постоечката 3D CAD документација.

Размислете дали сакате вашите клиенти лошо да ги користат или сервисираат вашите производи. Денес не е важно само производот да биде добар, туку целокупното искуство во користењето, одржувањето и сервисирањето на вашите производи да биде врвно.

SolidWorks Composer Radijator inženjering Kraljevo

Примена на SolidWorks COMPOSER софтверот

Маркетинг, продажба, сервисни упатства, инструкции за производство, монтажа и одржување, обука на работници и сервисери на терен, печатени, PDF и онлајн интерактивни каталози, итн.

Сервисни упатства со каталог на резервни делови

Серијата замина со лош дел? Која серија, со кој дел?

Секогаш некој дел од производот трае помалку од другите, или му треба редовна замена. 

Кога имате онлајн упатство со каталог на делови, заменскиот дел, или новата варијанта на заменскиот дел, автоматски ќе биде нарачана од моментот кога ќе го промените дизајнот на делот, ќе го промените добавувачот, ќе го промените материјалот. 

Купувачот/сервисерот не мора да се занимава со тоа, ниту вашата дистрибуција и магацин - сето тоа Composer ќе го реши со еден клик.

Инструкции за монтажа и производствени процеси

21-ви век - нека ви така изгледаат и упатствата!


Се разбира дека со Composer софтверот можете да правите упатства за печатење на брошури кои одат со производот, или слики, па и видео материјали за упатства на веб-страницата. Меѓутоа, можете да одите и чекор понатаму - да креирате потполно нов дизајн на упатство каде производите се прикажани така што апсолутно секој ќе ги разбере - во полна боја, со највисоко ниво на детали, а сепак јасно и прегледно како да е класична изометрија. 

Упатства за употреба

Транспарентно кон пазарот = Побрзо кон успехот


Пазарот е преполн со најразлична понуда, а разликата ја прави секоја ваша иницијатива да покажете дека вашиот производ е добро осмислен, функционален, детално проектиран и внимателно составен за да биде: едноставен за користење и сервисирање. Дали купувачите повеќе ќе се одлучат за производ што го гледаат само како „кутија“ или за производ што можат целосно да го согледаат и да стекнат доверба?

Упатства за инсталација и пуштање во работа

Немам луѓе да учат.. Не ви требаат - имаме видео!

Не дозволувајте дистрибутерите да ве одбиваат или да ве условуваат со маржи под изговори дека не знаат како да го објаснат вашиот производ, да го испорачаат и монтираат, да му го објаснат на купувачот, итн. Покажете дека имате подготвен сиот неопходен материјал, не само за промоција туку и за сите понатамошни чекори - видео со неколку кратки текстуални описи кои евтино и брзо се преведуваат. 

Composer во маркетингот и продажбата

Материјал за маркетинг и продажба

Веб и печатен материјал


Не мора да имате готов производ, посебно осветлување, професионална опрема за фотографирање и снимање.. Со SolidWorks Composer софтверот можете прво да го тестирате пазарот со варијанти на производот (боја, текстура, облик, функционалност), а потоа да воведе во производство само она што сигурно ќе биде попрофитабилно.

Анимација и видео презентација на производи

Ми треба веднаш ова видео, но да се гледа овој детал. Може!


Видео продукцијата сѐ повеќе доминира на интернет, а купувачите дознаваат за производот на YouTube, на социјалните мрежи.. Генерирањето на неопходна промотивна содржина за постојано присуство не е ни малку лесно ни евтино.. освен ако немате SolidWorks Composer.

Composer во вашето производство

Интерактивни каталози и материјал за обука на работници

Често ви работат нови луѓе? Не е проблем!


Купувач што го составува вашиот производ, или ваш работник прв ден на работа? Зошто сите да не добијат јасно, прегледно упатство? Ќе го скратите времето на обука, ќе ја намалите количината на шкарт, нема да ги оптоварувате другите вработени премногу да се посветуваат на воведување на нов човек во работата (т.н. „onboarding“ процес).

Инструкции за контрола на квалитет

Едноставно, прецизно и ефикасно


Кога имате Composer, имате алатка со која можете да креирате и сета внатрешна потребна документација за било кој чувствителен процес во развојот и производството. Поедноставете ги упатствата за контрола на квалитет, направете ги попрегледни и ќе го отстраните тесното грло на излегувањето на производот од вашиот погон.

SolidWorks Composer експлодиран модел

SolidWorks Composer корисници во Србија

Како производите од Србија успешно се продаваат во светот

Radijator inženjering

SolidWorks Composer Radijator inženjering котли

Agromarket Villager

SolidWorks Composer Villager Agromarket пили

Ажурни упатства уште од процесот на развој


SolidWorks Composer ја ажурира содржината креирана во раните фази на развој и може брзо да се усогласи со најновата верзија на производот од конструкцијата. Со тоа се овозможува паралелна работа на техничките упатства со процесот на развој на производот, остварувајќи заштеди во време и пари во споредба со традиционалниот процес каде упатствата се изработуваат откако машините и производите се веќе направени.  

Работа со сите CAD формати


SolidWorks Composer е софтвер кој може да чита и користи датотеки во SolidWorks, CATIA, Pro/Engineer, Creo, Autodesk Inventor формати. Исто така, можат да се користат датотеки во неутрални формати за размена, како STEP и IGES.  

Подобра комуникација со странските пазари


Намалете ја количината на текст и намалете ги трошоците за превод на странски јазици. Замислете техничко упатство кое го напишал инженер со тројка по македонски јазик, кое на странски јазици го превел преведувач од нетехничка струка, а потоа вашиот дистрибутер го превел преводот на оригиналот на трет јазик! Дали крајните клиенти ќе бидат задоволни?

Онлајн конфигуратор


Имате производ што купувачот може да го прилагоди според своите желби и потреби: да избере боја, варијанта на некоја компонента, итн?

Искористете го Composer за, со помош на онлајн конфигуратор кој ќе го користат вашите клиенти, автоматски да креирате информации за набавка, производство, монтажа, логистика..

SolidWorks PDM интеграција


Со интеграција во SolidWorks PDM софтверот за тимска работа и следење на измени, целата фирма работи со ажурни верзии на упатствата, техничката, производствената документација и каталозите на резервни делови!
Никогаш повеќе нема да им испорачате на клиентите дел кој, поради измена што се случила по испораката на производот, не може да се монтира!
Клиентите нема да бидат фрустрирани затоа што упатството не одговара на изведеното решение на производот, а вашата сервисна служба ќе има помалку сервисни повици затоа што повеќето проблеми клиентите ќе ги решаваат самостојно. 

Веб интеграција

Намалете ја количината на текст и намалете ги трошоците за превод. Со интеграција на интерактивната SOLIDWORKS Composer содржина на веб-страницата, ја унапредувате вашата сервисна служба, нудите подобар маркетиншки материјал и ја зајакнувате вашата продажба, која може да го користи материјалот од интернет презентацијата како основна алатка за претставување на вашите производи. Додека вашата продажба спие, вашата страница ги презентира производите на најдобар начин 24 часа на ден!
Каталогот на резервни делови креиран во SOLIDWORKS Composer може да се интегрира и со интернет продавницата, па купувачот на едно место може да купи резервен дел и да се запознае со начинот на негова замена и сервисирање.


Погледнете ВИДЕО

SolidWorks Composer во компанијата IKEA

Погледнете го целото излагање на IKEA Communication AB тимот на 3DEXPERIENCE World 2021 конференцијата, каде објаснуваат принципи и процес на креирање упатства за монтажа во SolidWorks Composer софтверот.

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!