Симулација на инјекционо лиење пластика
Напредните функционалности на SOLIDWORKS Plastics софтверот им помагаат на конструкторите на пластични делови уште во раните фази на развој да ги забележат проблемите што можат да настанат во процесот на производство. Со симулација на инјекционо лиење пластика можат да се одредат:
Позиции на кои во процесот на лиење се заробува воздух (Air Traps)
Линии на спојување (Weld Lines)
Вдлабнатини кои настануваат по ладењето (Sink Marks)
Други бројни анализи (различни температури, притисоци, заостанати напони по лиењето...)
Симулација на ладење на делови во калапот и неговите деформации
На конструкторите на калапи SOLIDWORKS Plastics им нуди можност за симулација на процесот на ладење, дефинирање на оптимални димензии и позиции на каналите за ладење со одредување на предвидливата деформација на пластичниот дел по ладењето.
SOLIDWORKS Plastics овозможува одредување на неуниформен процент на собирање во три правци, што е честа појава кај сложените пластични делови.
Одредување на оптимално место на вбризгување
SOLIDWORKS Plastics му помага на конструкторот во одредувањето на оптималното место за вбризгување на пластиката во калапот, земајќи ги предвид бројните параметри, како што се пад на притисок, балансирање на системите за вбризгување и симулација на пополнување на калапните шуплини.
Одредување на оптимални параметри на машината
SOLIDWORKS Plastics може да изврши симулација на влијанието на дејството на naknadniот притисок (Packing) која овозможува одредување на оптималната вредност на времетраењето на процесот и вредноста на naknadniот притисок. Оваа анализа овозможува симулација на однесувањето на пластиката по пополнувањето на калапната шуплина под влијание на naknadniот притисок.
Интеграција со SOLIDWORKS 3D CAD
Благодарение на Add-In интеграцијата во SOLIDWORKS 3D CAD софтверот, SOLIDWORKS Plastics може автоматски да ги пренесе измените на 3D моделот на симулацијата на инјекционото лиење пластика.
Напредна база на материјали
Во рамките на SOLIDWORKS Plastics софтверот е интегрирана напредна база со преку 4000+ различни материјали со податоци добиени од комерцијални производители.

