Skip to Content

Dassault Systemes и Solfins претставуваат

DELMIA решенија за производство

Сите зборуваат за Индустријата 4.0 која се заснова на информации од производството и реакции во реално време, но само DELMIA решенијата на компанијата Dassault Systemes навистина можат да го воведат вашето производство во нова ера на ефикасност и профитабилност!

Барате презентација и понуда >

DELMIA ORTEMS APS решение

APS* софтвер за напредно планирање и терминирање на производството (*Advanced Planning and Scheduling).

  • Моќен алгоритам за едноставно терминирање со помош на десетици милиони комбинации и параметри за најефикасно производство според вашите влезни параметри

  • Презема и враќа прецизни информации од производството

  • Едноставно се интегрира со вашите останати MES и ERP решенија

DELMIA Ortems >

DelmiaWorks MES ERP решение

DelmiaWorks настана како „ERP со вграден MES“, а не како ERP на кој накнадно му е додадена компонента за производство. Тоа значи дека RealTime мониторинг на машините, ShopData погонско собирање податоци, планирање, квалитет, WMS и управување со цената на чинење работат врз една, заедничка база на податоци. 

Во MoM терминологијата, DelmiaWorks покрива практично сите клучни области: планирање на производство (MRP, finite scheduling, ATP/CTP), следење, евиденција и надзор (MES/RealTime, работни налози, пријава на производство), квалитет (QMS, SPC, CAR/CAPA, APQP/PPAP), складиште и внатрешна логистика (WMS, eKanban, Heijunka), одржување (Preventive Maintenance), ресурси (Time & Attendance, Labor Scheduling) и синџир на снабдување (Outsource Central, Supply Chain Management, EDI/XML). 

Токму ваквата ширина на функции – „од планирање до докирање“ – е причината зошто многу аналитичари го класифицираат DelmiaWorks во MoM категоријата, особено во комбинација со DELMIA/3DEXPERIENCE портфолиото за глобално ниво.

DelmiaWorks >

DELMIA CAM програмирање на CNC машини

Порано составен дел од CATIA V5 софтверот, сегментот за програмирање на CNC машини сега е во рамките на новата 3DEXPERIENCE платформа припоен кон DELMIA палетата на производи.

DELMIA CAM опфаќа софтверски модули за програмирање на сите типови CNC машини - стругови, глодалки, ерозиони машини, итн.

DELMIA ROBOTICS програмирање на роботи

Решение за целосно програмирање и валидација на производствените процеси што ги извршуваат индустриски роботи:

  • Било кој број на операции на еден робот - брзо и едноставно програмирање со целосна 3D симулација на секвенци за самостојна работа или во рамките на производствени линии
  • Било кој број на роботи, било која големина на производство
  • DELMIA Robotics библиотеката содржи над 1500 роботи од 15 производители! 
  • Online и offline програмирање

DELMIA 3D LEAN за производство, малопродажба, градежништво

Погонски софтвери за примена во производството, на градилиште, во магацини, итн.

  • виртуелни флексибилни табли за планирање достапни од сите уреди
  • подготовка, извршување и документирање на брзи дневни состаноци
  • доделување задачи, идентификација и решавање проблеми
  • оптимизирано за мали и големи екрани на допир

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!