Skip to Content
Dassault Systemes и Solfins претставуваат

SolidWorks FLOW SIMULATION

Симулации на струење на течности и гасови во технички системи

Барате презентација и понуда >

Моќно CFD решение за симулации на однесување на сите типови на флуиди

SOLIDWORKS Flow Simulation е софтвер за CFD (Computational Fluid Dynamics) симулација на струење на флуиди и термички појави. Ги третира внатрешните или надворешните струења на течности и гасови при високи и ниски брзини. 

Симулацијата овозможува одредување на падови на притисоци, влијание на притисокот на флуидот, брзина на струење, размена на топлина, греење и ладење, сили поради дејство на флуидот и многу други параметри.

SOLIDWORKS Flow simulation содржи и два дополнителни модула:

  1. HVAC симулации (оптимизација на греење, вентилација и климатизација во градежни објекти)
  2. Ладење на електрични и електронски уреди.
SolidWorks FLOW SIMULATION CFD симулации

Основни функционалности на CFD симулации

Можности на SolidWorks FLOW SIMULATION

Работа со различни типови на флуиди

SOLIDWORKS Flow Simulation поддржува различни типови на флуиди: од воздух, вода, течни хемиски супстанци и гасови, па сè до нењутновски флуиди како што се сокови, сладолед, мед, истопена пластика, паста за заби, крв, итн.

Ова го прави идеално решение за сите кои сакаат сигурен и едноставен софтвер кој непрекинато се развива со нови подобрувања секоја година.

Размена и пренос на топлина

SOLIDWORKS Flow Simulation врши одредување на размена на топлина со зрачење помеѓу тела со високи температури, како и одредување на влијание на сончевото зрачење. Анализата на пренос на топлина помеѓу флуиди се врши со кондукција, конвекција и зрачење.

Струење на флуиди кај ротациони елементи


Овозможува анализа на струење на флуиди во ротациони елементи со цел симулирање на однесувањето на флуидот при сложени ротациони движења во турбини (на пр. пумпи и пропелери).

Внатрешно струење на флуиди


SOLIDWORKS Flow Simulation врши анализа на внатрешно струење на течности и гасови низ вентили, регулатори, вентилациони системи и други елементи.

Променлив проток на флуиди


SOLIDWORKS Flow Simulation врши анализа на струење на флуиди чиј проток не е временски константен.


Напредни симулации на однесување на флуиди


Како ќе се однесува вашата амбалажа во реални услови и различни сценарија? 


Користење на Flow Simulation софтвер за „надворешни струења“


SolidWorks CFD симулациите можат да се користат како едноставна алатка за проверка на концепт и дизајн на сите типови пловила и летала, особено за квадрикоптери, дронови, UAV, итн.


HVAC модул

Струење на флуиди во простор


Со примена на HVAC модулот се остварува оптимизација на греење, вентилација и климатизација во градежни објекти.

Користењето на напредни алатки врши одредување на фактори кои се однесуваат на комфор на луѓето во проектираните објекти во зависност од распоредот на постоечки извори на топлина, вентилациони канали, изолација, сончева светлина...


HVAC KGH симулации на струење на воздух и температура во просторија

Electronic Cooling

Ладење на електрични и електронски инсталации и уреди


Овозможува правилна конструкција на сите електрични и електронски уреди преку одредување на температурното поле и симулација на струење на воздух.


Со користење на овој симулационен пакет, можно е да се одреди правилен распоред и површина на вентилациони отвори, димензионирање на пасивни ладници и дефинирање на карактеристики и положба на вентилатори за активно ладење. Поддржани и специфични елементи како што се „Heat pipes“, различни чипови и резистори, печатени плочи итн.


CFD симулации на ладење на електроника




ВИДЕО: Пример за CFD симулации за анализа на ладење на електроника

SolidWorks PLASTICS ELECTRONIC COOLING MODULE




SolidWorks FLOW пакети

Матрица на функционалности на софтверот

SolidWorks FLOW SIMULATION CFD симулации пакети

SolidWorks PLM пакети

Наведувањето на цените на вашите производи им помага на потенцијалните клиенти брзо да утврдат дали одговара на нивниот буџет и потреби.

SolidWorks CFD

FLOW SIMULATION

Основниот SOLIDWORKS Flow Simulation пакет поседува алатки за анализа на струење на течности и гасови во технички системи

Барате презентација и понуда >
  •  Анализа на струење на флуиди
  •  Струење на флуиди кај ротациони елементи
  •  Споредување на податоци помеѓу различни симулациони студии
  •  Пост-процесирање на податоци
  •  Можност за креирање извештаи
  •  Симулација на пренос на топлина при струење на флуиди
  •  Специјализирани модули за HVAC/KGH системи и ладење на електроника

SolidWorks CFD дополнителен модул

HVAC

Содржи клучни алатки на основниот Flow Simulation пакет, како и напредни алатки за анализа на струење на флуиди во простории

Барате презентација и понуда >
  •  Одредување на термички параметри на комфор врз основа на симулациони резултати
  •  Напредна симулација на пренос на топлина со зрачење
  •  Можност за симулација на кондензација, испарување и одредување на концентрација на честички во флуид
  •  Проширена библиотека и за основни симулации на струење и за HVAC симулации на струење на флуиди

SolidWorks CFD дополнителен модул

Electronic Cooling

Содржи клучни алатки на основниот Flow Simulation пакет, како и напредни алатки за анализа на струење на флуиди во електронски и електрични инсталации

Барате презентација и понуда >
  •  Симулација на загревање на електрични и електронски компоненти врз основа на Џуловиот закон (Joule/Ohmic heating)
  •  Симулација на загревање на PCB плочки и чипови, одведување на топлина со помош на „Heat Pipe“ цевки
  •  Прилагодени алатки и работно опкружување
  •  Проширена библиотека за симулации на струење во електрични и електронски инсталации

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!