SWOOD
Комплетно решение за индустријата за мебел и опремување ентериери
Дизајн • Проектирање • Производство / CNC програмирање • Документација
Решение кое ДОБРО ГИ ЗНАЕ и ЕФИКАСНО ГИ РЕШАВА вашите проблеми во дизајнот и производството
Единственото што SWOOD НЕ го решава е прашањето: „А што ќе работат оние од техничка подготовка кога веќе скицата содржи и конструкција, и BOM, и G-код?“
Одговорот на тоа прашање можете да го добиете од Solfins консултантскиот тим! Кога ќе престанете да го трошите искуството и знаењето на колегите на вечна трка со времето и грешките, токму тие ќе бидат тие кои ќе знаат да ја следат имплементацијата на ефикасни решенија и секојдневно да ги оптимизираат за вашите процеси – од маркетинг и продажба до производство и испорака. Тогаш ќе видите што навистина можете да направите – со постоечките машини, во расположливите работни часови, со вашите луѓе!
SWOOD – производство од плочи и масив во еден софтвер!
Дизајн
совршена 3D комуникација
Не морате секој тип производ да го цртате и договарате со клиентот во друг софтвер – веќе првата скица може да биде 3D модел кој директно оди во следната фаза:
Управување со материјали – дизајн, бои, насока на годови и текстури
SWOODBox – „повлечи и спушти“ брзина на дизајн и проектирање од вашите библиотеки
Изглед на производот – лесно прегледни детални 3D модели
Интегриран со SolidWorks 3D CAD и други софтвери (за професионални фото и видео рендери)
Конструкција
функција, детали, окви, вијци, шини…
Не морате „ситници“ да ги решавате во текот на производството и монтажа кога сите елементи и детали можат да се внесат во проектот со само еден клик од комплетната библиотека што сте ја прилагодиле на себе:
Едноставно вметнување и дефинирање на сите окви и системи за склопување на производот
Комплетна подготовка на документација за производство
Извештаи – информации за набавка, производство, продажба
SWOOD е толку ефикасен што веќе во оваа фаза ќе интегрира сегменти од G-код за карактеристични позиции (дупки, отвори, жлебови…)
Производство
Кројни листи и програмирање на машини
Автоматски дефинирајте ја технологијата, програмирајте CNC машини и планирајте го вашиот календар за испорака и монтажа без застој поради грешки или недовршени детали:
Готови библиотеки режими на обработка и CNC машини
Спремни постпроцесори
Автоматско препознавање детали, оптимизација на работната површина, обработка во повеќе позиции и операции
Поддржани CNC машини за SWOOD >
Креирање на сите документи за производство
Едно решение за сите операции на сечење, дупчење, гравирање…
Автоматска оптимизација на плочи и препознавање на насоката на текстурата за CNC обработка
+ Nesting модул за кројни листи
Означување на панели
Извештаи според желба на корисникот
Сите софтвери во едно опкружување
SWOOD поединечни решенија како SWOOD Design или SWOOD CAM се користат директно од SolidWorks интерфејсот и преминот од фаза на дизајн во конструкција и дефинирање на детали, а потоа во програмирање на CNC машини и сечење на плочести материјали, се одвива многу едноставно во неколку табови.
Секој софтвер во својот таб има и дополнителни алати и функционалности, вклучувајќи и извештаи што ги прилагодуваме според вашите потреби.
SWOOD е партнер на сите водечки брендови во вашата индустрија
SWOOD и производители на CNC машини
Лесно до постпроцесори и G-кодови
SWOOD и производители на окви и опрема
Спремни библиотеки на сите 3D модели
SWOOD + BIESSE машини
Имате или планирате набавка на BIESSE машини? Поврзете го дизајнот и конструкцијата директно со производството: 3D CAD > CAM програма > G-код > производство на BIESSE CNC!
SWOOD + HOMAG машини
Имате HOMAG машини во производство? Поврзете ги директно со вашиот проектен биро и креирајте комплетен процес од дизајн до производство на HOMAG CNC машини!
SWOOD – Комплетно решение за сите примени
бидејќи не е важно колку работите, туку како работите
Освојувањето на 3D технологиите во вашата индустрија не значи само освојување на нови производи и пазари, туку и значително подобрување на процесите на проектирање и производство, како и начинот на работење што моментално го имате и чувствувате дека не е доволен за сè поголемите предизвици.
Сакате да инвестирате во нови машини, да правите оригинални производи, но софтверите што моментално ги користите не ги поддржуваат современата геометрија, немате луѓе што моментално знаат да работат со 3D софтвер, не сакате паралелно да користите решенија што веќе ги имате и нови што ви се потребни за нови проекти…