SigmaTEK и Solfins претставуваат
Sigma Shop Manager - MES
Напредно MES (Manufacturing Execution System) решение осмислено целосно да ги дигитализира и поврзе сите производствени процеси во производствените компании
Како централен производствен подсосистем, Sigma Shop Manager претставува збир на производствени апликации и овозможува следење, управување и оптимизација на сите активности на ниво на производствен погон – од прием на материјал, следење на производството, логистика до отпрема на готови производи.
Благодарение на целосната интеграција со останатите Sigma решенија (SigmaMRP, SigmaNest, SigmaTube, SigmaCTL, SigmaBEND), корисниците добиваат непрекинлив тек на информации и максимална ефикасност на секој чекор од производствениот процес.
Клучни предности на Sigma Shop Manager решението
- Централизирано управување со сите активности во производствениот погон преку интуитивни апликации достапни на секој уред
- Виртуелна слика за статусот на производството во реално време, со можност за следење на работни налози, материјал, залихи и логистика
- Автоматска размена на податоци со ERP/MRP и други Sigma софтвери, што елиминира двоен внес и го забрзува протокот на информации
- Целосна дигитализација и безхартиено работење, со напредна контрола на квалитет и следење на перформансите на вработените и машините
- Модуларен пристап – изберете апликации според потребите на вашето производство, со сигурност за целосна интеграција и скалабилност

Sigma COLOR OFFLOAD апликација
Визуелна и дигитална револуција во следењето на сечењето на лимови
Sigma Color Offload е иновативно софтверско решение кое овозможува паметно, безхартиено и визуелно следење и оптимизација на процесот на машините за обработка на лим и други плочести материјали, со максимална ефикасност и сигурност во секој чекор од производството.
Во современото производство, брзината, прецизноста и транспарентноста се клучни фактори за успех
Sigma Color Offload е производствена веб апликација која го дигитализира процесот на евидентирање на завршените работи на CNC машините за сечење на плочести материјали.
Наместо класични хартиени извештаи и рачно сортирање, на операторот му е достапен графички приказ на кројните листи (nesting), кои се во релација со управувачкиот програм, со јасно означени делови во бои.
Секоја боја може да претставува клиент, работен налог, адреса на испорака или било која друга ознака по избор, што го поедноставува сортирањето и ги елиминира грешките при истовремена работа на повеќе налози.

Color Offload - Дистрибуција на работни налози кон машините и операторите во производството, кај сечење на плочест материјал
Color Offload се користи за евидентирање на завршена работа со графички приказ на кројните листи (nesting), што го олеснува сортирањето на деловите по сечењето, според работни налози, производи, следни операции.
Пријавата на комплетираното производство се врши на ниво на целокупната кројна листа (nesting), а не на ниво на секој исечен дел, со што значително се намалува времето за администрација во производството и им се овозможува на слабо обучени работници да дадат повратна информација за статусот на производствените операции.
Зошто Color Offload е поинаков?
Визуелна идентификација: Деловите се јасно обоени според работниот налог, клиентот или следната операција (на пр. боење, виткање, заварување), што го забрзува и олеснува препознавањето и сортирањето по сечењето.
Без хартија и грешки: Дигиталниот приказ на nesting и автоматската евиденција ја намалуваат потребата за хартиена документација и ја елиминираат конфузијата, особено кога повеќе налози се комбинираат заради заштеда на материјал.
Следење во реално време: Секој дел се следи од сечење до крајна испорака, а информациите за статусот, количините и следните операции се достапни за операторот во погонот.
Едноставно управување со отпад и квалитет: Операторот може веднаш да означи неисправен дел, да евидентира потреба за повторно сечење или замена на табла, со што се одржува високо ниво на контрола на квалитет.
Интеграција со други SigmaTEK решенија: Color Offload е целосно интегриран со Load Manager-от, за планирање, овозможувајќи автоматска размена на податоци, ажурирање на статусот и дигитално известување без дополнителен напор.
Како функционира Color Offload во пракса?
Операторот на CNC машината гледа графички приказ на кројната листа (nesting) со делови во бои, според однапред дефинирани критериуми.
По сечењето, деловите се сортираат и евидентираат дигитално, без потреба од рачни пописи.
Сите податоци за времето на сечење, искористеноста на материјалот, отпадот и квалитетот автоматски се бележат и проследуваат до централниот систем.
Информациите за следната операција, логистиката или испораката се достапни во реално време, што го забрзува текот на работа и ја намалува можноста за грешка.

Предности на Color Offload апликацијата за производствени компании
- Побрзо и попрецизно сортирање и отпрема на делови
- Поголема искористеност на материјалот и намалување на отпад
- Намалување на администрација и хартија во погонот
- Можност за работа на слабо обучени работници
- Целосна слика за статусот на секој дел, од сечење до испорака
- Можност за интеграција со ERP/MRP системи и останатите Sigma софтвери за максимална дигитализација и автоматизација на процесите.
- Sigma Color Offload е совршено решение за модерни фабрики кои сакаат да ја унапредат брзината, точноста и транспарентноста во секојдневната работа. Со овој софтвер, вашето производство станува целосно дигитализирано – без хартија, без грешки, со максимална ефикасност.
Останати производствени апликации на Sigma SHOP Manager MES решението
Sigma CTL Feedback – Дигитално следење на процесот на сечење на пили
Sigma CTL Feedback е практична shop-floor апликација наменета за дигитализација и следење на процесот на сечење на пили (Cut-to-Length линии).
На операторите им овозможува едноставно да го евидентираат стартувањето, завршувањето и статусот на CTL програмите директно на машината, без хартија и рачно пополнување извештаи.
Сите промени автоматски се бележат и синхронизираат со централниот систем, што им овозможува на планерите и менаџерите увид во реално време.
Квалитетот, искористеноста на материјалот и евентуалните грешки лесно се пријавуваат преку апликацијата, а целосната интеграција со SigmaCTL, Load Manager-от и останатите Sigma решенија обезбедува брз проток на информации и прецизна евиденција на секоја задача.

Sigma Tube Feedback – Дигитална контрола на процесот на сечење цевки и профили на CNC ласер или плазма
Sigma Tube Feedback е специјализирана апликација за CNC машини за сечење цевки и профили, која им овозможува на операторите брзо и лесно да ги евидентираат завршените задачи и статуси без хартија и рачен внес.
Сите информации за завршените работи, искористеноста на материјалот и квалитетот автоматски се проследуваат до централниот систем и поврзаните Sigma апликации.
Интеграцијата со SigmaTUBE, Load Manager-от и ERP/MRP системите им овозможува на планерите и менаџерите секогаш да имаат ажурирани податоци и целосна контрола врз производството.
Квалитетот и отпадот се пријавуваат веднаш, што дополнително ја зголемува ефикасноста и транспарентноста на процесот.

Shop Floor Data Capture (SFDC) - пријава на производство за сите секундарни операции
Ги обединува прецизните податоци од машините за циклусни времиња, времето и присуството на операторот, па се до следење на извршувањето на актуелните работни налози, операции и извештаи.
Се користи кај сите секундарни операции по сечењето каде немаме геометриско вклопување, туку низа сериски производствени операции од општ тип, како што се виткање, машинска обработка со сечење, заварување, брусење, полирање, монтажа...
Самото корисничко опкружување е оптимизирано за работа на таблет или мобилен телефон и ги содржи сите исти можности како гореопишаните апликации, освен специфичностите за следење на групни операции со кројни листи.
Сите споменати апликации овозможуваат прецизно следење на залихите преку детална евиденција на потрошениот материјал, отпадот и остатоците (remnants) директно од процесот на сечење. Со интеграцијата со напредниот nesting софтвер, информациите за секој исечен, потрошен или преостанат дел од материјалот автоматски се бележат и ажурираат во централниот систем, вклучувајќи ги и податоците за отпад и остатоци.
Така се елиминира рачното водење евиденција и се намалува ризикот од грешки, додека истовремено се овозможува оптимално искористување на материјалот преку паметно управување со остатоците и нивно повторно користење во идни кројни листи. На овој начин, компанијата во секој момент има точен увид во реалната состојба на залихите, што овозможува подобро планирање, намалување на трошоците и поефикасно снабдување и производство.
Data Hub - преглед на сите најважни активности во производството од веб опкружување
Data Hub е прегледна апликација наменета за корисници во производството, која овозможува брз и едноставен пристап до сите клучни податоци за работни налози, задачи и понуди преку таблет или паметен телефон, без прикажување на финансиски информации.
Помошта на Data Hub, операторите можат лесно да го проверат статусот и листата на работни налози, да ги пронајдат локациите на залихите и количините на лимови, како и други важни информации поврзани со текот на производството, складирањето и логистиката.
Оваа апликација е оптимизирана за работа во производствени услови, работи исклучиво како прегледувач на податоци и не бара дополнителни инсталации, овозможувајќи им на корисниците во секој момент да имаат актуелни информации потребни за ефикасна работа, без ризик од пристап до доверливи или финансиски податоци.
Inventory (SigmaLIFT) – Прегледна апликација за логистика на материјал во производството
Inventory е модерна browser апликација за производствена логистика, дизајнирана да го олесни и забрза управувањето со движењето на материјалот и залихите низ сите фази на производството.
Работи на секој мобилен уред или таблет и им овозможува на операторите лесно да пренесуваат материјал помеѓу локации, да доставуваат материјал врз основа на кројни листи до соодветните машини и локации и да управуваат со отпрема на готови пратки – сè без хартија, со употреба на бар-код скенирање за целосна следливост.
Апликацијата е целосно интегрирана со SigmaSUITE платформата, што овозможува автоматско ажурирање на сите податоци за залихите и статусите на материјалот во реално време.
SigmaLIFT, исто така, ги следи и евидентира настанатите остатоци (remnants) за време на процесот на сечење, враќајќи ги на соодветна локација за идна употреба, со што се максимизира искористеноста на материјалот и се олеснува паметното управување со залихите.

Со интуитивен интерфејс и едноставна интеграција, Inventory апликацијата овозможува:
- Брз и прецизен трансфер на материјал помеѓу локации во погонот
- Достава на материјал до работните центри според кројни листи
- Следење и управување со отпрема на готови производи
- Автоматско евидентирање и управување со остатоци од материјал
- Целосно безхартиено работење и транспарентен траг на движење на секое парче материјал
SigmaLIFT е идеално решение за компании кои сакаат да ја унапредат логистиката во производството, да ги намалат грешките и да го забрзаат текот на материјалот низ сите фази на процесот, со сигурност и прецизност што ја носи дигиталната интеграција со целокупното Sigma портфолио.
SigmaRECEIVE – Дигитализирано примање и евиденција на материјал
SigmaRECEIVE е прегледна веб апликација која овозможува брзо и едноставно примање на пратки и автоматско складирање на материјал на залихи преку било кој мобилен уред или таблет. Секое примање се врши директно врз основа на податоците од нарачката, без приказ на финансиски детали како што се цена и трошок, со што се штити доверливоста на информациите.
Корисниците можат:
- Да примаат пратки врз основа на нарачки
- Да прегледаат материјал што е веќе примен и евидентиран во залихите
- Да внесат реална количина и димензии на пристигнатиот материјал
- Да креираат записник за прием на стока (Goods Received Note – GRN)
- Да книжат материјал на залихи со забелешки за локација, број на серија и други детали
- Да резервираат материјал за одредени клиенти или работни налози
- Апликацијата е целосно интегрирана со вашиот MRP/ERP систем, така што секоја промена автоматски се ажурира и рефлектира на целокупната состојба на залихите, со што се елиминираат рачните внесови и грешките, а процесот на прием на материјал станува побрз, попрецизен и потранспарентен.
SigmaSHIPPING – Дигитализирано управување со отпрема од производството
SigmaSHIPPING е прегледна browser апликација која овозможува едноставно и прецизно управување со отпрема на готови производи директно од било кој мобилен уред или таблет. Преку интуитивен интерфејс, корисниците можат да ги следат сите излезни пратки, да внесуваат точни податоци за тежина и количина, како и да ги поделат испораките според дозволените ограничувања на тежина на пакети – без прикажување на финансиски информации како што се цена и трошок.
Апликацијата овозможува:
- Следење и евиденција на сите излезни пратки во реално време
- Прецизно внесување на податоци за тежина и количина за секоја испорака
- Поделба на испораки според ограничувањата на пакување и логистика
- Креирање на отпремници и печатење на придружна документација директно од уредот
- SigmaSHIPPING е во целосна интеграција со SigmaMRP системот, така што сите податоци за отпрема автоматски се ажурираат и рефлектираат на статусот на работните налози и залихите. На овој начин, процесот на отпрема станува побрз, потранспарентен и посигурен, а менаџментот во секој момент има точен увид во текот и статусот на сите испораки од производството.
Shop Clock – Интегрирано решение за евиденција на работно време и присуство
Shop Clock е апликација за следење на работното време и ангажманот на вработените, наменета за целиот производствен погон и канцеларија. Им овозможува на сите вработени да се пријават и одјават од работа, како и да евидентираат паузи и смени, директно од било кој уред – од производство до администрација. Менаџментот може лесно да креира смени, да дефинира време на паузи и да додели работен календар на вработените, со што се поедноставува организацијата на работа и се зголемува прецизноста на евиденцијата.
Сите забележани пријави и одјави автоматски се чуваат и можат да се извезат во CSV формат, што овозможува едноставен увоз на податоци во било кој софтвер за пресметка на плати. Ваквиот пристап го елиминира рачниот внес, ја намалува можноста за грешка и ја забрзува пресметката на плати. Shop Clock обезбедува целосна транспарентност, го олеснува следењето на присуството, прекувремените часови и отсуствата, а менаџментот во секој момент има точен увид во работното време на сите вработени.
Интеграцијата на Shop Clock со останатите системи за HR и пресметка на плати дополнително ја зголемува ефикасноста и прецизноста, овозможувајќи автоматски пренос на податоци, побрза обработка и усогласеност со законските прописи.
Quality Manager - апликација за контрола на квалитет
Quality Manager (QMS) софтвер им помага на корисниците да го постигнат и одржуваат ISO9001 сертификатот за квалитет.
Корисниците можат да евидентираат извештаи за неусогласеност (NCR) за секое отстапување од спецификациите на материјалот, процесот или артиклот. Евиденцијата може да содржи детални забелешки, документи и слики, како и комплетна историја на измени.
Корисниците на Quality Manager можат да креираат CAPA планови (Corrective Action/Preventative Action) за бележење и решавање на проблеми што се повторуваат.
CAPA записите исто така можат да содржат извештаи, детали, документи, историја на измени, како и врски до NCR записите кои се однесуваат на тој проблем.
Shop Manager Physical Inventory - апликација за попис на залихи
Апликација за попис на залихи во магацин преку која се внесува реалната состојба на залихите по физичкото пребројување и попис.
Shop Manager Physical Inventory е апликација за попис на залихи наменета за ефикасен и прецизен физички преглед и евидентирање на состојбата во магацинот или производствениот погон. Апликацијата им овозможува на корисниците преку мобилен уред или таблет брзо и едноставно да ги пребројат реалните залихи, да ги споредат со податоците од системот и веднаш да ги евидентираат евентуалните разлики. Пописот може да се врши за сите видови материјал – од суровини и полупроизводи до готови производи и амбалажа.
Со користење на апликацијата, сите внесови автоматски се архивираат и можат да се извезат во Excel, XML или CSV формат заради понатамошни анализи и известување. На овој начин, процесот на попис станува побрз, потранспарентен и помалку подложен на грешки, додека менаџментот во секој момент има точен увид во реалната состојба на залихите. Интеграцијата со останатите Shop Manager и ERP/MRP решенија овозможува автоматско усогласување на податоците и ефикасно управување со залихите по пописот.
Барате решение за вашата компанија?
Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!