SigmaBEND AP
Решение за савивање лимови
Софтвер за програмирање на CNC савијачици
Веќе исековте делови, потрошивте материјал, ангажиравте време - зошто би на савивање правеле шкарт кој во тој момент е многу поскап од обичниот материјал?
Применете SigmaBEND AP интуитивно решение за 3D савијачици за претходна верификација на процесот и забрзување на производството - преку современ 3D интерфејс за контекстуално разбирање на целиот процес на савивање.
3D симулација пред производство
SigmaBEND AP (AutoPOL) користи комплетна 3D симулација на процесот на савивање за да добиете на брзина, квалитет и ефикасност на сите операции на савивање во вашето производство.
Покрај автоматизацијата на програмирањето корисникот ја задржува флексибилноста интерактивно да ги менува параметрите на програмата за максимална контрола над процесот.
Корисникот има можност пред позиционирањето на деловите и покренувањето на операциите на савивање да пушти софтверот да ги подреди деловите и да ја направи симулацијата на комплетниот процес - со што се постигнува минимален ризик од создавање шкарт во производството.
SigmaBEND AP ги интегрира сите ваши алати во комплетна 3D симулација на процесот на савивање
SigmaBEND AP библиотеката содржи библиотеки на сите стандардни индустриски алати за монтирање на савијачици.
Едноставно додадете ја целата геометрија на специјални алати и склопови на алати за специфични савивања.
Едноставно додадете нови профили на алати преку DXF или параметарска геометрија како онаа од SolidWorks софтверот.
Направете своја листа на избрани алати за вашето производство за дополнително да ги поедноставите сите операции во вашето производство.
Прецизно програмирање на сите ваши савијачици од еден софтвер
Покрај автоматизацијата на самиот процес на савивање на машината, SigmaBEND AP го намалува и бројот на кликови во самиот софтвер со што и времето на програмирање е значително пократко.
Дефинирајте комплетен циклус на савивање брзо и автоматски во софтверот за да добиете сигурни параметри за давање понуди, планирање и терминирање на работни налози.
Целосно елиминирајте ги скапите грешки во програмирањето на машината и создавање шкарт со софтверска анализа на колизии и потенцијални проблеми.
SigmaBEND AP за зголемена точност и помалку шкарт
Со деталните инструкции за савивање кои ги добива од софтверот, дури и неискусен оператор може со самодоверба да савива делови веќе од првиот ден.
Софтверот ќе му во 3D приказ симулира цел процес на позиционирање на алати и поединечни чекори на савивање така што точно знае што и како треба да направи пред да ја пушти машината.
На овој начин значително ќе го намалите појавувањето на шкарт и ќе ја подобрите ефикасноста на вашето производство во секоја смена без разлика на флуктуацијата на работната сила (слободни денови, сменска работа, викенд и сл).
SigmaBEND AP ви дава решение за автоматско програмирање на савијачици за да престанат да бидат тесно грло на вашето производство и црна точка на појава на шкарт во целиот процес. Софтверот ова го обезбедува преку брзина и деталност на подготовката на процесот на савивање, оптимизација на поставката на парчето и алати, и стандардизирано програмирање на машината и дефинирање на чекори на савивање.
SigmaBEND AP решение за автоматизација на процесот на савивање во вашето производство
Направете и по потреба ажурирајте ја секоја операција на савивање за да ги добиете најквалитетните делови за најкратко време.
SigmaBEND AP се интегрира директно со SigmaNEST модулот за nesting сечење за да се воспостави единствен процес од сечење до савивање.
Дали понекогаш заборавате да ја вклучите цената на савивање во вашите понуди?
Деталите на програмата за савивање може да се мапираат директно во SigmaNEST полиња за секој поединечен дел за директно или понатамошно поврзување со SigmaQUOTE модулот да можете да давате прецизни понуди со поврзани сите трошоци од потрошувачка на материјал и процес на сечење до савиен дел.