Услуги на инженерскиот тим на Solfins
Услуга за 3D скенирање и реверзибилен инженеринг
Solfins секојдневно врши услуга на 3D скенирање за своите клиенти. Уверете се во квалитетот на нашата услуга - нарачајте скенирање на вашиот модел!

Како да знаете која услуга ви е потребна?
1. 3D скенирање - конверзија на геометријата на делот во дигитален формат во вид на облак од точки кој понатаму можете самостојно да го обработувате
2. Средување на добиениот облак од точки, конверзија во STL датотека во софтверот на скенерот (т.н. "watertight" 3D модел погоден за 3D печатење или CNC обработка со помала прецизност - дрво, пластика)
3. Реверзибилен инженеринг - конверзија во 3D CAD геометрија за добивање на детален прецизен производствен дел кој може да оди на било која CNC машина за понатамошно производство.

Професионално 3D скенирање
За процесот на 3D скенирање, нашите обучени и искусни апликативни инженери користат професионални уреди и софтвери на водечките брендови во оваа област. Изборот на уред што ќе го користиме зависи од геометријата на делот и вашите потреби (прецизност, текстура, боја, итн.).
Достава на комплетен модел
По процесот на скенирање, ќе го добиете вашиот модел во дигитален формат по ваш избор за понатамошна работа или директно производство.
Често имате потреба од скенирање? Набавете опрема!
Solfins испорачува уреди, софтвери, обука, техничка поддршка и сервис за 3D скенирање и реверзибилен инженеринг - Барате понуда за 3D скенер и софтвер >

20 ПРИМЕРИ НА 3D СКЕНИРАЊЕ И РЕВЕРЗИБИЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ОД НАШАТА ПРАКСА
Solfins СЕМИНАР
Погледнете некои карактеристични примери на услужното 3D скенирање и реверзибилен инженеринг на Solfins за потребите во индустријата, дизајнот, производството
Барате решение за вашата компанија?
Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!