SolidWorks INSPECTION
Контрола на квалитет на поединечно и сериско производство никогаш не била полесна и побрза
Достапно како Add-In во SolidWorks 3D CAD софтверот или како независна апликација за било кој корисник

SolidWorks INSPECTION кај Solfins клиентите
Напомена: многу фирми го користат Inspection само со основните функционалности на софтверот
Metalac Gornji Milanovac
Покрај информациите кои веќе се внесени во планот за контрола при генерирањето во SolidWorks Inspection софтверот, во апликацијата за евидентирање на мерењата (апликација која е развиена за компанијата Metalac AD), уште попрецизно се дефинира процесот со избор на идентификацискиот број на машината на која е извршена операцијата, како и идентификацискиот број на мерниот инструмент.
Во апликацијата е посебно дефиниран и вонредниот настан.
Кога ќе се случи вонреден настан, операторот има обврска да го евидентира и опише со помош на предефиниран тип на вонреден настан и внесување коментар (на пр. лоша мерка поради истрошеност на алатот).
Тоа е сигнал за операторот дека нешто не е во ред со процесот и дека не смее да продолжи без проверка и повторно подесување на производниот процес.
Unimet Kać
За компанијата Unimet од Каќ е развиен специјален софтвер за потребите на евиденција на мерења во производството.
Со оглед на тоа што за операторите во производството е незгодно да внесуваат вредности на мерења во excel табела и дека е тешко да се обучуваат за такво нешто, направена е апликација која од балонираниот цртеж и Excel табелата ги чита податоците за големината на серијата и за секоја кота врз основа на веќе опишаната методологија автоматски му кажува на операторот што, кога и со што мери.
Набавени се таблети со екстерна нумеричка тастатура, каде работниците во производството вршат внес без никаква интеракција со софтверот, исклучиво преку тастатурата.
Апликацијата сигнализира добри мерки, гранични мерки и шкарт. По завршување на работниот налог или во било кое време во текот на изработката, можно е да се погледне параметарот за стабилност на процесот и XR картите.
Исто така, можно е да се направи било кој статистички извештај врз основа на податоците што ги имаме во документот.
Автоматско креирање планови за контрола
FAI - First Article Inspection
Solfins решенија за производство
SolidWorks Inspection софтверот се користи во процесите на контрола на квалитет, за изработка на планови за контрола кои ги претвора во интелигентен систем за евиденција на мерења и статистичка обработка на податоци.
Софтверот овозможува автоматизирана изработка на FAI-First Article Inspection, PPAP, AS9102 и сите останати извештаи што сакате да ги имате во вашиот производствен процес и процесот на контрола на квалитет.
SolidWorks Inspection ви овозможува со минимално ангажирани ресурси да добиете квалитет кој е барањ на вашите клиенти.
Најуспешни се фирмите кои можат да го планираат нивото на квалитет, бидејќи така остваруваат најголем профит. Беспрекорниот квалитет има своја цена, додека лошиот квалитет неминовно води до губење на клиенти.

Контрола на квалитет како Add-In во SolidWorks 3D CAD софтверот
Најголемиот број корисници едноставно ќе го користат SolidWorks Inspection како додаток на својот SolidWorks софтвер.
Ова е особено погодно на позиции каде што контролата на квалитет е само еден од процесите доверен на истите луѓе кои прават измени на моделите, ги проверуваат моделите за CNC обработка, програмираат CNC машини во SolidCAM софтверот преку својот SolidWorks и редовно или повремено имаат потреба да извршат контрола на квалитет со помош на SolidWorks Inspection Add-In-от.
Самостојна апликација
SolidWorks Inspection може да работи и како самостојна апликација независна од CAD софтверот. Дури и тогаш, таа ги чита сите формати во кои се појавува документацијата.
Контролната документација може да се креира и од стара скенирана документација, бидејќи SOLIDWORKS Inspection поседува OCR технологија која автоматски ги препознава текстот, броевите и толеранциите од техничките цртежи, групира сродни карактеристики по желба.
Кога се достапни PDF, TIFF или native CAD и неутрални 3D формати, работата е само побрза и поавтоматизирана.
Постои поддршка и за 3D PMI информации од native CAD апликации или за STEP 242 формат. Тоа значи дека може да се "балонираат" котите на 3D моделот и да се направат инспекциски извештаи без ниту еден цртеж!
Примена во поединечно производство
SolidWorks Inspection се користи како во поединечно, така и во сериско производство. Поради автоматизацијата на работата, лесно е да се користи и кога се прави еден или само неколку делови.
Со оглед на тоа што може да се интегрира со координатни мерни машини (CMM), дава автоматизација во смисла на креирање план за програмирање на CMM машината и автоматска споредба со измерените вредности, при што се добива извештај од мерењата.
Дали некогаш сте работеле скапи делови кои ви се вратени од клиентите на доработка? Едно е да задолжите некого да измери и контролира делови, а сосема друго е да имате план и доказ за измерените вредности!

Примена во сериско производство
Кај сериското производство, постои можност врз основа на големината на серијата, статистичките параметри (AQL-Acceptance Quality Limit) да се дефинира минималниот број на примероци во процесната и завршната контрола за да се оствари очекуваниот квалитет од страна на клиентот или пазарот. Контролата на квалитет е скапа операција која ја зголемува цената на производот.
Суштината на нашиот софтвер е во тоа да ви овозможи да согледате кои технолошки операции кај вас во фирмата имаат стабилен квалитет и како во таа смисла да ја редуцирате контролата на минимум.
Од друга страна, добивате и одговор кои се критичните операции каде се прават грешки или кои машини, луѓе, мерни помагала најчесто доведуваат до грешки или шкарт. Чувството во стомакот не е доволно за управување со квалитетот на производите. Само егзактните податоци доведуваат до заштеди и правилни одлуки!
Сите информации што се содржани во планот за контрола преку дополнителна апликација развиена во Solfins, можат да се искористат за процесна или завршна целосно автоматизирана контрола со статистичка обработка на резултатите од мерењата.

SolidWorks INSPECTION пакети
Пронајдете го оптималното решение за контрола на квалитет кое нема да ги успори вашите процеси, но ќе ја зачува вашата профитна маржа
SolidWorks INSPECTION
Основниот Inspection пакет содржи напредни алатки и функционалности за автоматизирано креирање на контролна документација
Барате презентација и понуда >- Автоматизирано креирање на контролна документација
- Add-In интеграција со SOLIDWORKS
- Независна Inspection апликација
- Извоз на податоци во PDF, Excel и XML
- Креирање SOLIDWORKS Inspection темплејти
- Напредни алатки за автоматизација достапни во SolidWorks INSPECTION Professional пакетот
SolidWorks INSPECTION
Professional Inspection пакетот, содржи сè што и Standard пакетот, но и поддршка за координатни мерни машини и контролни уреди
- Автоматизиран внес на податоци во Inspection софтверот од координатни мерни машини (CMM) и контролни уреди (дигитален микрометар, дигитално поместувачко мерило)
- Автоматизиран внес на податоци од PC-DMIS, Calypso, FARO CAM2 софтвер
- Измерените вредности автоматски се споредуваат со номиналните вредности и се кодираат со бои
- Поддршка за 3D анотации и балонирање на карактеристики на 3D моделот
- Експорт во 3D PDF
INSPECTION
Софтверско решение кое овозможува евиденција и статистичка обработка на податоци во производството, врз основа на планот за контрола креиран во SolidWorks Inspection пакетот.
Барате презентација и понуда >- Клиентска апликација за евиденција во производството
- Дефинирање на база на машини, луѓе, контролори и мерни инструменти
- Управување со контролниот процес врз основа на големината на серијата, критичноста на самите мерки и AQL или некој друг принцип на земање примероци.
- Дефинирање на база на непредвидени настани и корективни мерки
- SolidWorks PDM интеграција
- Статистичка обработка на податоци (Cp, Cpk), цртање XR дијаграми, предвидување на шкарт
Барате решение за вашата компанија?
Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!