Skip to Content

SolidCAM for Operators

SolidCAM за CNC оператори е дополнителна апликација за SolidCAM корисници која им овозможува дополнителна флексибилност на работа во самото производство, обезбедувајќи им на операторите покрај CNC машините да ги извршуваат своите задачи со повеќе дополнителна контрола и помал ризик по квалитетот, самата машина и алатите.

Барате презентација и понуда >

SolidCAM operators доаѓа во два режима

Editor Mode - можност за измена, симулација и генерирање на нов G-код

Simulator Mode - ограничени функционалности само на симулации на машинска обработка

SolidCAM за CNC оператори може да се стартува како самостојна standalone апликација или директно од SolidWorks.

Вовед во апликацијата SolidCAM for Operators

Погледнете го краткото видео како SolidCAM за оператори ви помага во производството:

Минимизирајте го потпирањето на „суви проби“ - поминете низ секој чекор на G-кодот, скратете го времето на подготовка без потреба да ја стартувате програмата „во празно“ заради проверка.
Спречете оштетувања на CNC машината и алатите
- оставете ги операторите да ја видат комплетната симулација за да можат да спречат непредвидени колизии.
Зголемете ја ефикасноста во работата
- операторите можат сами да прават помали неопходни измени, без потреба секој детал да го комуницираат со CAM програмерите кои се веќе посветени на следниот дел.
Комплетна слика покрај CNC машината
- со SolidCAM за оператори, работниците покрај машините ги гледаат сите детали на секоја операција, вклучувајќи алати и прибор, итн.

Во пракса, една од важните предности на примената на овие апликации е кај фирмите кои имаат сменска работа, или повремено ги користат искуствата на надворешни соработници за програмирање на CNC машините, па било каква потребна измена не може ефикасно да се реши бидејќи операторите не се во можност веднаш да добијат потребна поддршка и нов G-код.

SolidCAM for Operators - Editor Mode

Им овозможува на операторот на машината да отвори постоечки CAM програми, по потреба да ги измени, да ги симулира (вклучувајќи и симулација на машината) и повторно да генерира G-код за CNC машината. 

SolidCAM Shop Floor Editor обезбедува целосна контрола врз уредувањето на програмата и операциите, веднаш покрај машината!

Во SolidCAM Floor Editor-от е можно да се уредуваат сите CAM модули, т.е. глодање, стружење, Mill-Turn, iMachining итн.

SolidCAM for Operators - Simulator Mode

Им овозможува на ракувачот на машината да види целосна симулација на CAM делот, да ја види листата на употребени алати со сите детали, да го разбере начинот и методологијата на стегање на делот, да ги види почетните позиции на G-кодот и на крајот да ја види симулацијата пред да го стартува G-кодот на CNC машината. Уредувањето и промените не се дозволени на CAM делот.

SolidCAM Shop Floor Simulator е достапен со верзијата SolidCAM 2021.  

Вечните проблеми на надлежности и расположливи алатки за работа

Вообичаен проблем во многу машински работилници е тоа што може да дојде до целосно неусогласување помеѓу програмерите, кои се одговорни за одредување на стратегијата на обработка, и CNC операторите, кои се одговорни за верификација на CNC програмата.

Потребно е програмата што ја подготвиле програмерите да не содржи грешки, да нема колизија и на крајот CAM делот да биде изведен беспрекорно и во правилни димензии.

Зошто ви треба SolidCAM за оператори?

CNC операторот неизбежно ќе мора да му поставува прашања на програмерот, при што програмерот ќе биде зафатен со програмирање на следниот дел - секојдневни непријатности!

Исто така, понекогаш се потребни помали промени во програмата, како промена на условите на сечење, промена на помагањето на алатот итн. Тоа исто така може да доведе до големи проблеми во текот на работата, на пример кога програмерот и операторот работат во различни смени.

Решението: SolidCAM for Operators!

Двата специјални модула на SolidCAM (Simulator и Editor mode) за CNC оператори, ја решаваат дилемата која постои во речиси секоја машинска работилница и ја поедноставува работата на машинската работилница!

Shop Floor Editor - iMachining Level Adjustment

Shop Floor Editor - Tool Data Adjustment

Shop Floor Editor - Change Tool

ВЕБИНАР 

SolidCAM for Operators

Погледнете го деталниот опис на функционалностите и улогата на SolidCAM for Operators понудата која може значително да ја унапреди флексибилноста на вашето производство.

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!