Skip to Content
SolidCAM програмирање на CNC стругови

SolidCAM програмирање на CNC стругови

Софтверски алатки за програмирање на CNC стругови за надворешно и внатрешно стругање, обработка на жлебови, врежување на надворешни и внатрешни навои, дупчење, отсекување, итн.

Барате презентација и понуда >
Софтверски алатки за програмирање на CNC стругови

Програмирање на CNC стругови од сите видови

SolidCAM обезбедува комплетен софтверски пакет за стругање со напредни патеки на алатот и техники на машинска обработка.

SolidCAM во еден пакет дава решенија за груба и завршна обработка на површини, заедно со поддршка за корисниците.

Поддржан е широк спектар на машини - 2-осни стругови, конфигурација со повеќеканални и повеќевретенести машини, па и најкомплексните комбинирани машини со истовремено глодање и стругање (Multi Task или Mill-Turn).

SolidCAM има многу флексибилен систем на лиценцирање, каде секој корисник може да ја избере точно конфигурацијата што му е потребна.  Со купување на стругарски и било кој глодачки модул, добивате автоматска можност за програмирање на гореспоменатите комбинирани машини, стругови со погонувани алати, но и глодалки со можност за стругање.

Програмирање на CNC стругови од сите видови

Fixture Definition

Стандардните библиотеки со прибор се достапни за додавање на специјализирани држачи во склопот, за да се обезбеди заштита на целиот алат за стругање од судир со држачот.

Fixture Definition

Solid Envelope

Ротирачките контури на сложените делови автоматски се генерираат за брзо стругање на најнадворешниот профил на делот.

Solid Envelope

Симултано стругање (Balanced Turning)

Овозможува истовремена работа на два алата, било синхронизирано или во режим на следење, за ефикасна груба и завршна обработка на долги или масивни делови.

Симултано стругање (Balanced Turning)

Multi-Turret Synchronization

SolidCAM обезбедува моќни алатки за синхронизација на машини со повеќе носачи на алати (револвери). Временската линија на обработка (Machining Timeline), со преглед на сите операции и едноставни команди, ви овозможува лесно усогласување на операциите што сакате да ги синхронизирате. Потоа, резултатот од синхронизацијата можете да го проверите преку детална симулација на работата на машината.

Multi-Turret Synchronization

Дупчење (Drilling)

Овозможува дупчење долж оската на ротација без потреба од дефинирање на геометрија. Оваа функција го забрзува процесот на програмирање со автоматско препознавање на централната оска на делот.

Дупчење (Drilling)

Изработка на навои (Threading)

Овозможува изработка на внатрешни, надворешни, надолжни или челни навои, со поддршка за различни циклуси на обработка, работни стратегии и интегрирани стандарди за навои.

Изработка на навои (Threading)

Симултано 4-осно стругање

Овозможува обработка на закривени профили со користење на можноста за наклон на B-оската на вашиот алат. Оваа операција е идеална за машинска обработка на 'поткопани' зони (undercuts) во само еден чекор, со поддршка за алати за надворешна груба обработка и изработка на жлебови.

Симултано 4-осно стругање

Изработка на жлебови (Grooving)

Овозможува изработка на надолжни (внатрешни/надворешни) или челни жлебови. Резултатот е патека на алатот која може да користи стандардни циклуси на машината или директно генерирани движења на алатот (G0, G1). Напредната опција 'Break Edge' овозможува автоматска обработка (симнување) на внатрешните и надворешните рабови.

Жлебови под агол (Angled Groove)

Овозможува изработка на внатрешни или надворешни наклонети жлебови под било кој дефиниран агол.

Изработка на жлебови (Grooving)

Челно стругање (Face Turning)

Овозможува операции на стругање на челните профили на делот.

Жлебови под агол (Angled Groove)

Профилно стругање (Profile Turning)

Овозможува надолжна или челна обработка на профилот, генерирајќи патека на алатот која може да ги користи фабричките циклуси на вашата CNC машина или да креира поединечни движења на алатот. Системот автоматски спречува било какво навлегување во материјалот (gouges), чувајќи го интегритетот на финалниот модел.

Челно стругање (Face Turning)

Отсекување (Cut Off)

Овозможува отсекување на готовиот дел или изработка на жлебови со ширина на алатот, користејќи стандардни циклуси на CNC машината. За време на самиот процес на отсекување, системот нуди опција за автоматска изработка на закосени рабови (симнување) или заоблувања.

Профилно стругање (Profile Turning)

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!