Skip to Content
Симултана 5-оска обработка

SolidCAM програмирање на 5-оска симултана обработка

Програмирање на 5-оскни CNC машини

Барате презентација и понуда >
Симултана 5-оска обработка

Симултана 5-оска обработка

Софтверско решение за програмирање на 5-оскни CNC машини. Интелигентните и моќни стратегии за петосна обработка овозможуваат користење на SolidCAM софтверот во обработка на делови со многу сложена геометрија, како што се: јадра и кавитети на калапни плочи, авио-делови, алати за сечење, лопатки на турбини и пропелери.

Симултана 5-оска обработка
  • Секоја 5-оска стратегија за обработка им нуди на корисниците напредни опции за контрола на пристап/поврзување, контрола на оските на алатот и избегнување на колизии.
  • Комплетната патека на алатот со сите пристапи и врски меѓу соседните премини се проверува со алатки за проверка на колизија. Посмакот исто така може да се менува во текот на пристапот, репозиционирањето и во текот на самата обработка, за движењето и оптоварувањето на алатот во текот на целиот процес на обработка да биде што порамномерно.
  • SolidCAM исто така нуди опции за контрола на наклонот на алатот во однос на работната површина, давајќи му на корисникот целосна контрола врз финалната патека на алатот.
Симултана 5-оска обработка

Multiblade Machining

Специјализирана стратегија за брза подготовка/програмирање на обработка на лопатки на турбини, како и на самото тело на турбината. 

Модулот содржи стратегии за груба и фина обработка. 

Наменет е за компании кои во својот производствен програм често обработуваат лопатки на турбини. Модулот во себе содржи алгоритми кои автоматски ги дефинираат правилните агли на наклон и стратегиите за репозиционирање на алатот при обработка на турбина.

Multiblade Machining

Port Machining

Port Machining стратегијата е специјализиран вид обработка која се применува за обработка на блокови на мотори, во бродоградба и за други специјални намени со свиткани отвори до кои пристапот на алатот е доста отежнат.

Овозможува користење на конусни и лолипоп глодала, врши проверка на колизија на алатот и носачот на алатот со делот.

При обработката се применува комбинација на 3-осно глодање во зони каде што е можно, додека стратегијата автоматски врши транзиција на 5-оска обработка во зони каде што 5-оска обработка е неопходна. Опфаќа и груба и завршна обработка.

Port Machining

Contour 5-Axis Machining

Контурната 5-оска стратегија за обработка врши завртување на алатот долж континуиран 3D профил, порамнувајќи ја оската на алатот со линиите на завртување кои ги дефинира корисникот. 

Овие функционалности ја прават оваа обработка идеална за отстранување на остри рабови, но и за просторна гравура на површината на делот. 

Contour 5-Axis Machining

Multiaxis Roughing

Multiaxis Roughing операцијата се користи за груба обработка на џебови. Корисникот дефинира гранични површини (долна, горна и бочни површини) кои SolidCAM потоа ги користи како граници за патеката на алатот.

На корисникот му се достапни две стратегии:

  • Offset-Based
  • Adaptive Roughing
Multiaxis Roughing

Rotary Machining

Rotary Machining операцијата е наменета за глодање на делови на 4-оскни машини, и може да се користи за глодање на цилиндрични делови како што се електроди, јадра и калапи. 

Патеките на алатот се генерирани директно на 3D моделот.

Rotary Machining

Swarf Machining

Swarf Machining му овозможува на корисникот по работната површина да ги води бочните страни на алатот, со можност за избор на соодветен агол на наклон на алатот.

Ваквото движење на алатот резултира со исклучително добар квалитет на обработената површина, со значително скратување на времето на обработка.
Swarf Machining

Multiaxis Drilling

Multiaxis Drilling операцијата ја користи автоматската SolidCAM технологија за препознавање на отвори, овозможувајќи му на корисникот брзо и едноставно да креира операции за дупчење, обработка на отвори и сечење на навои. 

Сите напредни операции на симултана 5-оска обработка достапни во другите типови на обработка се достапни и тука, вклучувајќи стратегии за напредно поврзување, завртување и детекција на колизија. 

Благодарение на овие функционалности, корисникот има целосна контрола врз патеката на алатот.

Multiaxis Drilling

Convert HSM to Sim. 5-Axis Milling

Стратегија која овозможува да започнете со дефинирање на патеката на алатот за некоја од површините или целиот дел користејќи 3-оскни стратегии за обработка како на пр.

HSM стратегии и потоа да направите конверзија на веќе креираната 3D стратегија во 5-оска стратегија.

Ваков пристап го олеснува и скратува времето на подготовка.
Convert HSM to Sim. 5-Axis Milling

Edge breaking – отстранување на бруси и делови од струготини

Достапно од 3-оска до 5-оска обработка!

Edge breaking – отстранување на бруси и делови од струготини

Едноставно програмирање на модулот

  • Како и кај другите SolidCAM модули, и Edge Breaking се програмира многу едноставно
  • Со неколку клика, со избор на тип на обработка од 3 до 5 оски, едноставно ќе генерирате код за завршна обработка за отстранување на брусите
Симулација на машинска обработка на рабови

Симулација на машинска обработка на рабови

  • Симулацијата на машинска обработка и кај оваа операција ви обезбедува сигурност дека нема да дојде до колизии на главата/алатот со веќе обработениот дел
Готов дел директно од машината!

Готов дел директно од машината!

  • Без дополнителни операции
  • Без рачна работа
  • Без непотребни дополнителни ризични манипулации со веќе готови делови заради чистење и рачни поправки

SolidCAM Edge Breaking модул – Туторијал (60 мин)

Забелешка: Достапен е и посебен модул за отсекување Automatic Edge Triming.

Симултани 5-оскни стратегии

Parallel cuts

Parallel cuts

Стратегија со паралелни движења која содржи три подваријанти на паралелни движења во зависност од површината на која се применува: Linear за рамни површини, Hatch (за благо закошени површини) и Constant Z (за стрмни површини).

Parallel to curve

Parallel to curve

Стратегија за обработка на избраната површина при што движењата се паралелни на избраната крива, која најчесто е еден од рабовите на површината.

Parallel to Surface

Parallel to Surface

Слична на претходната стратегија, но разликата е во тоа што патеките се паралелни на замислениот пресек на работната површина и површината водилка.

Perpendicular to curve

Perpendicular to curve

Спротивно на Parallel to Curve стратегијата. Овде патеките се нормални на кривата водилка.

Morph between curves

Morph between curves

Стратегија во која дефинираме две криви водилки, при што патеката на алатот се прилагодува на обликот на почетната и крајната крива водилка по работната површина, обезбедувајќи константно оптоварување на алатот.

Morph between surfaces

Morph between surfaces

Слична на претходната стратегија, со основна разлика што тука избираме површини водилки наместо криви водилки.

Clearance Options

Clearance Options

Дефинирање на замислен додаток на целосниот склоп на алатот за да се избегнат сите непредвидени колизии.

Tool-Axis Control

Tool-Axis Control

Контрола на наклонот на оската на алатот со користење на 12 различни пристапи за контрола, како што се на пр. ротација околу дефинирана точка, водење на оската долж линија или крива. Алатот може исто така да се контролира преку нормалата на работната површина и со дефинирање на аголот на наклон на оската на алатот во однос на нормалата на работната површина.

Gouge checking

Gouge checking

Функционалност која се наоѓа во секоја 5-оска стратегија и претставува можност за дефинирање колизија на алатот со површините соседни на работната површина што ја обработуваме.

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!

Текст