Skip to Content

SolidCAM HSS програмирање на CNC глодалки

Збир на стратегии за брза и фина завршна машинска обработка на површини од било која геометрија.

Барате презентација и понуда >

SolidCAM HSS – High Speed Surfacing

Solfins решенија за производство

SolidCAM HSS претставува збир на стратегии за предзавршна и завршна обработка. Овозможува целосна контрола на патеките на алатот на површини што тешко се обработуваат со други стратегии за обработка, како на пример оние во HSM модулот. 

Како краен резултат, корисникот добива мазна патека на алатот со врвски квалитет на обработената површина.

Како опција е потребна речиси на сите компании што се занимаваат со обработка и е применлива за сите типови делови, од едноставни до сложени.

За сите оние што имаат HSM модул, HSS обработката е корисен додаток што се користи како дополнување во ситуации илустрирани на сликите подолу.

Доколку за вашиот производствен програм е задоволителен 2.5D модулот на SolidCAM, а само повремено имате делови што не се призматични, HSS модулот е попристапен по цена и може да се користи без HSM модулот во такви ситуации.

SolidCAM HSS – Parallel Cuts

Паралелни движења

Стратегија со паралелни движења која содржи три подваријанти на паралелни движења во зависност од површината на која се применува:

  • Linear за рамни површини
  • Hatch (за благо закошени површини)
  • Constant Z (за стрмни површини).

SolidCAM HSS – Parallel to Curve

Паралелни движења кон крива

Стратегија за обработка на избраната површина при што движењата се паралелни на избраната крива, која најчесто е еден од рабовите на површината.

SolidCAM HSS – Parallel to Surface

Паралелни движења кон пресек

Слична на претходната стратегија, но разликата е во тоа што патеките се паралелни на замислениот пресек на работната површина и површината водилка.

SolidCAM HSS – Perpendicular to Curve

Нормални движења кон крива

Спротивно на Parallel to Curve стратегијата, овде патеките се нормални на кривата водилка.

SolidCAM HSS – Morph between Curves

Движења меѓу две криви

Стратегија во која дефинираме две криви водилки, при што патеката на алатот се прилагодува на обликот на почетната и крајната крива водилка по работната површина, обезбедувајќи константно оптоварување на алатот.

SolidCAM HSS – Morph between Surfaces

Движења меѓу две површини

Слична на претходната стратегија, со основна разлика што тука избираме површини водилки наместо криви водилки.

SolidCAM HSS – Projection

Движења кон просторна крива

Се употребува за обработка на внатрешни заоблувања, симнување на рабови и гравирање на 3D површини. 

Патеката на алатот претставува еден премин по просторна 3D крива под дефиниран агол во однос на површината. 

SolidCAM HSS – Gouge Checking

Проверка на колизија

Функционалност која се наоѓа во секоја HSS стратегија и претставува можност за дефинирање колизија на алатот со површините соседни на работната површина што ја обработуваме.

  • Контролата на колизии опфаќа покрај алатот и самите носачи на алатот.
  • Постојат посебни стратегии во рамките на контролата на колизии што овозможуваат избегнување на одредени зони на делот.
  • Исто така, со употреба на специјални глодала како Т-глодала и Lollipop глодала, можно е да се обработат зони со негативен наклон на површината (undercut areas).

SolidCAM HSS – Advanced Linking

Проверка на континуитет

Функционалност во секоја HSS операција која овозможува контрола над поврзувањето на соседните патеки на алатот за да се избегне непотребно подигање на алатот и да се обезбеди континуитет на патеката.

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!