HSR груба машинска обработка
SolidCAM HSR (High Speed Roughing) е моќна софтверска алатка за обработка на сложени 3D делови, делови за воздухопловната индустрија, алати, калапи и форми на алати.
HSR содржи бројни стратегии за груба обработка и е применлив при обработка со големи брзини на сечење, бидејќи обезбедува контрола над континуираното движење на алатот, што овозможува работа со големи брзини на помошно движење (посмак).

Contour Roughing
Офсетни надворешни контури на подготвокот се повторуваат на различни Z-нивоа дефинирани во самата операција.
Hatch Roughing
Паралелни патеки кои се повторуваат на дефинирани Z-нивоа. Применливо за помеки материјали и делови со благи наклони.
Rest Roughing
Обработка на зони во кои останало материјал во претходната обработка со алат со поголем пречник.
Hybrid Rib Roughing
Стратегија оптимизирана за обработка на ребра и испакнатини.
HM Roughing (Hybrid Machining)
Оптимизирана стратегија за груба обработка во која максимално се елиминирани непотребните движења со брз од.
Барате решение за вашата компанија?
Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!