ERP / MES / APS
Софтвер за управување со работењето, планирање и следење на производството
Кога некој ќе каже дека едно решение одговара на сите, тоа едноставно не е точно. Индустријата за обработка на лим и челични конструкции има поинакви предизвици од производството на мебел. Сериското производство не се води како поединечно. CNC обработката бара поинаков пристап од процесот на инјекционо лиење. Процесното или континуираното производство има поинакви потреби од стандардното дискретно производство.
Затоа Solfins има повеќе решенија. Не затоа што сакаме компликации, туку затоа што знаеме дека секоја индустрија заслужува систем кој ги разбира нејзините специфичности.
Јавете ни се. Дојдете да ја разгледаме вашата фабрика. Да разговараме за вашите предизвици. А потоа ќе ви го предложиме она што навистина работи за вас - не она што ние имаме да продадеме, туку она што вие треба да го имате.

Софтверски решенија за сите типови производство
Погледнете ја понудата и можеби ќе се препознаете во некое од решенијата. Ако ви е тешко да се одлучите, јавете ни се веднаш и ние ќе ви помогнеме во изборот.
DelmiaWorks
ERP / MES / MRP / MoM
Сеопфатно решение за производствени фирми. Еден софтвер кој претставува ERP (Enterprise Resource Planning), MoM (Manufacturing Operations Management), MES (Manufacturing execution system), WMS (Warehouse Management System), QMS/SPC (квалитет и статистичка контрола на процеси), MRO (превентивно одржување на машини и опрема)...
DelmiaWorks решението е наменето за фирми кои имаат сериско производство или строги регулаторни барања за следење и следливост и кои сакаат максимална автоматизација и собирање информации од машините во реално време.
Pantheon
ERP
Сакате да го унапредите вашето производство, но истовремено да ги решите сите основни финансиски прашања? Јавете ни се за да ги разгледаме вашите потреби и да предложиме оптимални решенија. Области на работење: производство, продажба, набавка, финансии, логистика, човечки ресурси, плати...
Pantheon го имплементираме како самостојно решение, но и во интегрирано решение со DelmiaWorks MES софтверот и Delmia Ortems софтверското решение за напредно планирање и терминирање на производството.
SigmaNEST
MES / MRP
Сеопфатно MRP (Manufacturing Resource Planning) решение за управување со работењето на фирми кои обработуваат лим, заварени конструкции, носечки челични конструкции и воопшто сите индустрии во кои се сечат плочести материјали, профили, цевки, шипки и каде се прават листи за кроење и се бара оптимизација на потрошувачката на материјал.
Комплетно управување од понуди, нарачки, преку управување со залихи, набавка, програмирање на CNC машини кои се спрегнати во целиот систем и од кои се ажурираат информациите за статусите на работните налози и потрошувачката на материјал.
Еден софтвер за сите ваши машини > една обука за сите луѓе > еден процес на програмирање > еден извор на вистина > една интеграција со вашиот ERP!
SigmaNEST софтверското решение ги поврзува луѓето и процесите во вашето производство, истовремено обезбедувајќи увид во реално време.
Delmia Ortems
APS
Нуди напредни можности за агилно планирање и терминирање на производството (APS - Advanced Planning and Scheduling). Користејќи оптимизација на ресурси базирана на ограничувања, DELMIA Ortems ја подобрува искористеноста на ресурсите и ги синхронизира производствените текови.
Ова резултира со намалување на залихите и зголемување на ефикасноста на производството или на некој друг KPI. Се имплементира на постоечкиот ERP и го зајакнува во доменот на планирање и терминирање на производството и набавката. Можеме да го имплементираме со вашиот постоечки ERP или во комбинација со Pantheon кој исто така можеме да ви го имплементираме.
SolidSHOP Cimco
CNC производство
Специјализирана платформа за мониторинг на CNC машини во реално време. Друга функција е управување со производствената документација, врска со CNC машините и дистрибуција на управувачките програми од централна база до CNC машините. Софтверот го разбира G-кодот и ги симулира патеките на алатот врз основа на G-кодот.
Ова решение е особено корисно за производствени погони кои се потпираат на CNC машини и сакаат да ја оптимизираат нивната употреба. Опционално се интегрира со постоечкиот ERP софтвер и овозможува автоматизиран мониторинг и евиденција на работните налози и производствените операции. Решението е модуларно и се имплементира чекор по чекор.
SWOOD
Управување со производство на мебел
Решение за индустријата за мебел и ентериер
- комплетна конструкција и BOM листа веќе на ниво на дизајн (SWOOD Design)
- совршен nesting за испраќање работни налози на машините
- технологија на производство интегрирана веќе на ниво на CAD дизајн и проектирање (SWOOD Design)
- програмирање на сите ваши CNC машини за обработка на дрво (SWOOD CAM)
- библиотеки на вашите производи со сите поврзани информации за производството (материјал, компоненти/оков, алати, итн.)
- обележување ("лебелирање") на сите произведени елементи (SWOOD Nesting), за потребите на следење низ производствениот процес
- Интеграција на сите споменати информации со вашиот постоечки ERP софтвер или со некое од нашите ERP/MES решенија.
3DEXPERIENCE
PLM
Иновативната PLM (Product Lifecycle Management) платформа ги интегрира сите развојни (CAD) и производствени (CAM) алатки во единствен систем кој овозможува интеграција на сите процеси и со вашето ERP решение.
За да го решите управувањето со производството, понекогаш е неопходно информациите што се внесуваат преку развојот и CAD софтверот да ги содржат потребните елементи за производство и да се изврши интеграција со ERP-то и претходно редефинирање на системот за означување и класификација кои мора да ѝ претходат на успешната интеграција.
Со разбирање на вашата индустрија остваруваме значителни заштеди на материјал, логистика, циклусни и подготвителни времиња!
Индустриите за обработка на лим, метални конструкции, производство на мебел, заварени конструкции, бараат оптимизација на материјалот преку групирање на работни налози врз основа на геометриските карактеристики на деловите и самите материјали.
За плочести материјали, лимови, панели, цевки, профили, шипкасти полупроизводи, карактеристична е големата количина на отпад и управувањето со остатоци и рестлови. Ниту еден ERP систем не е оптимизиран ефикасно да управува со овие процеси. Тоа е можно само со спрега на CAD, CAM, Nesting и ERP решенија, а ние сме единствени во поширокиот регион кои ги имаат сите решенија во понудата, знаат да ги интегрираат и ги разбираат специфичностите на споменатите процеси, машини и опрема што се користи.
Од друга страна, процесите на инјекционо лиење, дување, екструзија, штанцување и воопшто сите производствени технологии кои во себе имаат специфични алати, машини, трансформација и мешавини на материјали низ производствениот процес оставаат многу нерешени прашања, а ние имаме решение во кое нема „импровизација“, туку системски ги поддржуваме специфичните барања на споменатите индустрии.
CNC машините за обработка со режење имаат свои специфичности и ние имаме скроени решенија кои ги покриваат специфичните барања на овој сегмент од индустријата.
Се разбира, ако работите во авио, автомобилска или наменска индустрија, имаме специфичен пристап и алатки да го опфатиме целокупното работење или само еден дел кој ќе биде интегриран во постоечката целина.
Огромен број клиенти работат во машиноградба, каде и самите сме присутни преку развој на специјални машини и опрема, па ги знаеме сите предизвици.
Ги спомнавме предизвикувачките индустрии, ако имате стандардна проблематика, без специфичности, уште подобро, имплементацијата ќе биде значително полесна и побрза. Pantheon и Delmia Ortems се вклопуваат во широк спектар на индустрии и типови на производство, со нашите CAD/PLM алатки во симбиоза, можеме да ги решиме сите досега познати предизвици.
Секое споменато решение дава одговор на потребите на индустријата во која вие работите.
Барате решение за вашата компанија?
Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси и да предложиме соодветно решение!


