Skip to Content

DelmiaWorks функционални целини

Барате презентација и понуда >

RealTime Production / Machine Monitoring – MES

RealTime модулот во DELMIAWorks софтверот е систем за онлајн следење на работата на машините кој автоматски собира циклуси, времиња на циклуси, застои и шкарт директно од работните центри, без рачен внес од операторот. 

Врз основа на тие податоци, системот во реално време ги пополнува производствените извештаи, ги ажурира часовите на производство и статусот на секоја машина, што на производствените компании им овозможува побрзи реакции на проблеми во погонот и поточно планирање.

Следење на производството (Production Control) – MES

Евиденцијата на производство и известувањето во DELMIAWorks опкружувањето е комбинација од RealTime мониторинг, ShopData терминали и производствени извештаи (production reports) која обезбедува секој циклус на машината, секој добар и шкартиран дел, секоја смена и секоја кутија што излегува од погонот навистина да се евидентираат во системот – без „рачно препишување“ во Excel. 

На тој начин производствената контрола престанува да биде само административна задача и станува жива слика на производството во реално време, која директно ги пополнува залихите, MRP, OEE показателите, анализите на шкарт и трошоците за работа по работен налог.

Планирање и терминирање (Planning & Scheduling)

(Manufacturing Resources Planning)

Планирањето и терминирањето на производството (Planning & Scheduling модул) во DELMIAWorks е централно место за краткорочно планирање на производството, finite scheduling (конечни ресурси) по машини и работни центри, како и за капацитети на машини, материјали и работна сила. 

Преку еден интегриран екран, планерот добива реален распоред на работни налози, предупредувања за доцнења, преоптоварувања и материјални недостатоци, со директна врска кон MRP/MPS анализи и RealTime податоци од производството. 

BOM (Bill of Manufacturing)

Составница и технолошка рута (производен постапок)

BOM (Bill of Manufacture) во DELMIAWorks опкружувањето е комбинација на класична структурирана листа на материјали и производна рута во еден објект, и затоа е апсолутно централен и критичен дел од имплементацијата, особено кога зборуваме за капацитетско планирање. 

Токму од BOM‑от системот добива точни информации за материјалите, операциите, работните центри, алатите, нормите на време и работна сила, врз основа на кои MRP, Planning & Scheduling и Capacity Planning пресметуваат реални потреби и оптоварувања на машините и луѓето. 

MRP (Material Requirements Planning), работни налози (Work Orders) и потреби за материјали

DelmiaWorks MRP (Material Requirements Planning) подсистемот е „мозок“ за целиот софтвер, работните налози (Work Orders) се производствени налози кои MRP ги генерира, а Material Exception List е листа на материјални отстапувања која набавката ја користи за да знае што треба да купи, кога и во која количина. 

Заедно формираат затворен круг: продажба/прогноза (forecast) → MRP → работни налози и материјални отстапувања → набавка и складиште.

RealTime Process Monitoring (MES)

RealTime Process Monitoring во DELMIAWorks опкружувањето е проширување на RealTime и SPC модулите кое овозможува процесните параметри (температура, притисок, брзина, сила, димензии…) автоматски да се собираат и анализираат во реално време, директно од производството. 

На овој начин, фабриките не го следат само бројот на делови и циклуси, туку и стабилноста на самиот процес, добивајќи континуирани Cp/Cpk показатели и SPC графикони без рачен внес на податоци.

Следење на надворешни услуги (Outsource Central)

Outsource Central модулот во DelmiaWorks е централно место за планирање, следење и контрола на сите аутсорсирани (поддоговорени) операции и производи – без разлика дали испраќате полупроизвод на дополнителна обработка или комплетен производ на финална обработка и пакување кај кооперант. 

Идејата е да имате исто ниво на видливост над производите што се работат кај надворешен добавувач како и над оние што се работат во вашата фабрика, со автоматско креирање работни и испорачни налози, следење на залихи во транзит, отпис, шкарт и враќање на стока назад или директно до купувачот. 

Job & Process Costing

Job & Process Costing модулот во DELMIAWorks е централно место за следење на реалните трошоци на производство по работен налог, артикл или процес, и нивно споредување со стандардните и планираните трошоци. 

Идејата е секој денар вложен во материјал, работа, машини, алат, надворешна операција или режиски трошок да се гледа низ призмата на конкретното производство, за компанијата сигурно да ја знае реалната маржа по артикл, купувач или работа, а не само вкупниот резултат на ниво на фирма. 

Inventory Control & Item master

Item master и Inventory Control во DelmiaWorks се централна база на податоци за сите артикли и магацински трансакции – од суровини и помошен материјал, преку полупроизводи и готови производи, до пакување, VMI и аутсорс залихи. 

Врз основа на поставките во Item master, системот знае како да ги следи количините, локациите, лот и сериските броеви, како да ги пресметува трошоците и како да го поврзе секој артикл со BOM, производство, квалитет, WMS и финансии, додека Inventory Control делот обезбедува секое движење и трансакција да бидат онлајн, преку единствен трансакциски лог. 

Manufacturing Configuration – конфигурација на производствени процеси

Секоја фирма е различна, секој производствен процес има свои специфичности. Не е исто да се моделираат процесите на монтажа, боење, термичка обработка, машинска обработка, пробивање, вбризгување или екструзија.

Во DelmiaWorks, Manufacturing Configuration, Manufacturing Type, Manufacturing Cell, Center Type, Work Center и BOM се начин реалните процеси, машини и линии на фабриката да се преведат во дигитален модел на кој работат MRP, Work Orders (работни налози), RealTime и costing.


Етикетирање со бар-код (Labeling)

Labeling и label printing во DelmiaWorks не се само „печатење налепници“, туку централен механизам за следење на кутии, палети и сериски броеви низ целиот ланец – од прием и производство, преку складиште, до испорака, VMI и RMA процеси. 

Секоја налепница е поврзана со MasterLabel запис и сериски број, а сите WMS, производствени и shipping процеси работат токму со тие сериски броеви, со што се обезбедува целосна следливост и реална состојба на залихите во секој момент.


WMS – Warehouse Management

WMS (Warehouse Management System) во DelmiaWorks е проширување на основниот Inventory и Item master модул кое воведува безжично, со скенери водено управување со складиштето во реално време – од прием и сместување на суровини, преку интерна логистика и replenishment, до picking, пакување, VMI и отпрема кон купувачи и други погони. 

Целта е секоја трансакција да се изврши таму каде што навистина се случува (на виљушкар, рампа, во премин, на производствена линија), без последователно препишување на компјутер, така што ERP базата во секој момент ја покажува реалната состојба на материјали и готови производи.

Quality Management

Quality Management и Quality Process Management модулите во DelmiaWorks опкружувањето претставуваат комплетен QMS слој над ERP/MES системот, кој ги поврзува сите елементи на квалитетот – од прием на материјали и интерни неусогласености, преку APQP и PPAP документација, до аудити, CAR/CAPA акции и контрола на промени, во една база на податоци.  

SPC (Statistical Process Control) & Data Collection

SPC модулот во DelmiaWorks е интегрален дел од платформата за квалитет кој овозможува дефинирање на параметри за мерење, собирање податоци на линија, статистичка контрола на процесот и автоматска аналитика на способноста на процесот (Cp/Cpk, Pp/Ppk) – сè поврзано со артикли, процеси, работни центри, алати и работни налози. 

За разлика од „одвоените“ SPC алатки, овде SPC податоците се директно во ERP/MES базата, па инспекциите, резултатите и алармите влијаат на производствените трансакции (етикети, Floor Disposition, RT Scan to Inventory) и оперативните одлуки на самото место. 

Document Control – управување со документи

Document Control модулот во DelmiaWorks е централно место за управување со сите документи кои имаат врска со артикли, BOM‑ови, работни налози, квалитет, купувачи, добавувачи и проекти, со целосна контрола на верзии, пристап, важност и поврзување со процесите во ERP/MES системот. 

Наместо работните инструкции, цртежите, Excel табелите, процедурите и записниците да „живеат“ во папки на сервер или во мејлови, Document Control воведува концепт на документни библиотеки со статуси и правила, а преку Documents tab тие документи се врзуваат за конкретни записи во сите клучни модули. 

CRM (Customer Relationship Management) – односи со купувачи и добавувачи

CRM модулот во DelmiaWorks е CRM специјализиран за производствени компании: наместо да биде одвоен „sales алат“, тој е директно вграден во ERP/MES и работи над истата база на податоци како и продажбата, производството, квалитетот, сервисот и финансиите. 

Тоа значи дека продажбата и корисничката поддршка во секој момент ги гледаат понудите, нарачките, статусот на производство, испораките, рекламациите и наплатата – без двоен внес и скокање помеѓу повеќе системи. 

Estimating & Quoting – калкулација на цена на чинење и понуди

Estimating & Quoting модулот во DelmiaWorks е специјализирана алатка за брзо и точно формирање понуди во производствени компании, која во една калкулација ги зема предвид материјалот, работата, машините, аутсорсингот, провизиите, амбалажата, шкартот и сите дополнителни трошоци. 

Наместо продажбата да работи во Excel и рачно да ги пренесува резултатите во ERP, овој модул директно ги користи BOM, cost елементите, цените на материјали и капацитетите од DelmiaWorks базата, а потоа прифатената понуда со еден чекор ја претвора во BOM и Sales Order. 

Sales Order Management – Нарачки од купувачи

Sales Order Management во DelmiaWorks е централен „центар“ кој го поврзува CRM и Estimating & Quoting со MRP, планирањето, производството, WMS, фактурирањето и анализата на продажба. 

Секој Sales Order во овој модул не е само хартиен документ, туку извор на побарувачка кој генерира работни налози, резервира залихи, покренува pick‑ови и отпреми, влијае на капацитетите и на крајот влегува во профитабилноста по артикл и купувач.

Прогноза и план за производство (Forecaster)

Forecaster модулот во DelmiaWorks е наменска алатка за прогнозирање на побарувачката и планирање на производството, која „седи“ директно на ERP/MES базата и користи реални податоци за продажба, испораки, цени и капацитети, без потреба корисникот да биде статистичар или data scientist. 

Идејата е дека преку еден екран гледаш како постоечките нарачки, историската продажба и планираните прогнози влијаат на прометот, искористеноста на капацитетите, материјалните потреби и буџетот – минато, сегашност и иднина на едно место.

Shipping & Distribution – отпремање или испорака

Shipping and Distribution модулот во DelmiaWorks го покрива сето она што се случува од моментот кога стоката е подготвена за испорака, до моментот кога физички го напуштила магацинот, вклучувајќи пакување, генерирање packing slip‑ови, Bill of Lading (BOL), EDI ASN пораки, пресметка на транспорт, VMI испораки и обработка на поврати преку RMA. 

Идејата е целиот процес на испорака да се води во истиот систем кој ги води Sales Order, инвентар, WMS, етикети и финансии, така што секое парче што излегува од фабриката има чист траг – од SO release, преку локација и сериски број, до фактура и евентуален поврат. 

Набавка (Purchasing)

Purchasing модулот во DelmiaWorks е централна алатка за планирање, одобрување, креирање и следење на сите набавки на материјали и услуги, целосно интегриран со MRP, инвентар, производство, финансии и EDI/XML eCommerce слојот. 

Целта е купувањето да не биде „паралелен Excel процес“, туку дел од истиот систем кој ги гледа реалните потреби од производството, состојбата на залихи, договорените цени, роковите и перформансите на добавувачите.


EDI (Electronic Data Interchange) / XML eCommerce

EDI/XML eCommerce модулот во DelmiaWorks е вграден систем за електронска размена на деловни документи (EDI и XML) директно од ERP/MES базата, без надворешни преведувачи и дополнителни интеграциски слоеви. 

Идејата е дека нарачките, прогнозите, release‑овите, отпремниците (ASN), фактурите и разните потврди се разменуваат автоматски со купувачи, добавувачи, 3PL и веб портали, така што повеќе нема рачно куцање на EDI фајлови, реимпорт и паралелни системи. 

MRO (Maintenance Repair & Overhaul) модул – Одржување

MRO (Maintenance Repair & Overhaul) модулот во DelmiaWorks е комплетен систем за планирање, следење и анализирање на одржувањето на машини, алати, калапи, помошна опрема, мерни уреди, згради и друга инфраструктура, целосно интегриран со ERP, производство, квалитет и финансии. 

Целта е превентивното и корективното одржување повеќе да не се води во Excel и тетратки, туку да стане дел од истата база на податоци која управува со работните центри, работните налози, MRP, RealTime мониторинг и трошоците, за да се намалат непланираните застои, скапите итни дефекти и негативното влијание на лошата опрема врз квалитетот на производите.

KPI & Business Intelligence

KPI & Business Intelligence во DelmiaWorks е збир на алатки кои на менаџментот и тимовите им дава „360° поглед“ на фабриката – во реално време и историски. Идејата е сите клучни показатели (KPI – Key Performance Indicators) за продажба, производство, квалитет, набавка, складиште, финансии и работна сила да бидат видливи преку јасни, визуелни показатели и контролни табли (dashboard), директно од единствената ERP/MES база, без рачно извлекување податоци во Excel.


Project Management – управување со проекти

Project Management модулот во DelmiaWorks е „чадор“ за сите проекти поврзани со алати, калапи, машини, капитална опрема и посложени производствени проекти – од првата понуда, преку набавка, изработка и монтажа, до пуштање во работа и подоцнежно одржување. 

Суштината е дека повеќе немате одвоен „проект во Excel“, „трошоци во сметководство“ и „работни налози во ERP“, туку еден проект во кој се поврзани задачите, ресурсите, трошоците, работните налози, набавките, инвентарот, PM/MRO и финансиите.

Time & Attendance Tracking модул

Следење на активностите на работниците

Time & Attendance Tracking модулот во DelmiaWorks служи за комплетно следење на присутноста и работата на вработените: дневен clock‑in/clock‑out, евиденција на работа по задачи и работни налози, пресметка на правила за прекувремена работа, смени, отсуства и стимулации, како и подготовка на податоци за пресметка на плати или извоз во надворешен payroll. 

Модулот е директно поврзан со ShopData/Task Clock, RealTime/MES, Scheduling и Job Costing, па секој работен час во реално време може да се следи по налог, операција и работен центар, со точни трошоци и влијание врз профитабилноста. 

Multi-Plant Multi-Company (ICT)

Multi-Plant Multi-Company (ICT) во DelmiaWorks во пракса значи дека можете да водите повеќе фабрики и повеќе поврзани компании на една заедничка база, но со јасно раздвојување на ентитетите (EPlant) и автоматизирани меѓукомпаниски трансакции преку ICT (InterCompany Transactions) модулот. 

На тој начин добивате централизирана ERP/MES платформа за група фирми, со единствени мастер податоци и real‑time преглед, но сепак со локални финансии, капацитети, планирање и јазик/валута по фабрика или компанија. 

Финансии и сметководство

Напомена: Solfins препорачано локализирано решение за финансии е Pantheon ERP: Развиена е целосна интеграција помеѓу DelmiaWorks и Pantheon софтверот, така што работат како еден систем.

Pantheon ERP за производство

Барате решение за вашата компанија?

Контактирајте не за да организираме состанок, да се запознаеме со вашите потреби и процеси, и да предложиме соодветно решение!