SOLIDWORKS PDM

Управувајте со вашите податоци за да тие не управуваат со вашето време и ресурси!

PDM корисници во Македонија >>
Барате понуда за PDM >

Барате решение за управување со документација?

PDM е индустриски стандард веќе повеќе од две децении, а 3DEXPERIENCE платформата ќе ги обележи следните децении!

Управување со документација и тимска работа

SOLIDWORKS PDM овозможува управување со сите типови документи и информации поврзани со производи, проекти и администрација во вашата компанија. Овозможува порационално работење и ги елиминира сите места каде се прават грешки, се губи време и се создаваат непотребни трошоци.

Основните функционалности на SOLIDWORKS PDM се: следење на измени преку ревизии, тимска работа, автоматско означување, управување со составници, преглед на употреба на датотеки, лесно пребарување, автоматизација на повторливи задачи, дефинирање процедури согласно ISO стандарди...

Прв поглед на SOLIDWORKS PDM

Основни предности од имплементација на Solfins PDM

Намалување на трошоците за развој и времето за лансирање на производот

Според истражувања на независни агенции, имплементацијата на систем за управување со документација носи заштеди од околу 5 % од годишниот обрт на фирмата. Овој процент може да биде и поголем ако приходите во голема мера зависат од квалитетот на проектната и производната документација.

Со користење на SOLIDWORKS PDM се постигнува:

  • Намалување на трошоците за развој на производот за 50 %
  • Скратување на времето за лансирање и испорака на клиентот за 50 %

Обезбедување сигурни, точни и навремени податоци низ целата фирма

Попродуктивна работа на сите корисници

Неповторливост на имињата на документите во системот

Побрз пристап до документацијата за сите служби

Намалување на можноста за губење документи

Интеграција со SOLIDWORKS 3D CAD и Windows оперативен систем

Интеграција со ERP систем преку автоматизиран внес на составници и нормативи

SOLIDWORKS PDM 2023 – погледнете што е ново!

На кои прашања одговара PDM?

Дали можете лесно да ја пронајдете актуелната верзија на документите?

Дали знаете кој што и кога направил?

Дали знаете што е направено додека сте биле отсутни?

Дали сте секогаш известени за сите измени на проектната документација (производот)?

Дали некогаш погрешна верзија на цртеж е испратена во производство?

Дали цртежите се лансирани во производство без претходно одобрување од надлежните?

Дали цртежите имаат ознаки и шифри што се поклопуваат со оние во ERP системот?

Дали важните податоци се чуваат надвор од централната локација што редовно се бекапира?

Дали во производството постои потреба за реално-временски пристап до актуелната документација?

Дали сите членови на инженерскиот тим истовремено работат на документацијата за еден производ?

SOLIDWORKS PDM

ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ Е ПОСЛОЖЕНО ОДКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ

Имате производ што се состои од голем број делови – сите тие заедно формираат составница врз основа на која во ERP се планира производството и се води бизнисот. Секој дел или материјал што се набавува мора да има информации за добавувачи, производители и цени. Сите делови што се произведуваат во сопствено производство имаат свој технолошки процес, се добиваат преку голем број операции, секоја операција бара ресурси, алати, машини, работна сила, помошни материјали...

Замислете дека само еден дел претрпи измена! Делот се добива со инјекционо леење и за неговото производство е потребен алат, делот има свои цртежи, склопот свои цртежи, ERP има составница. Алатот има свои склопни и работнички цртежи, секоја калупна плоча има свои цртежи, CNC програми, електроди, техничка документација, операциски листови, листи со алати...

SOLIDWORKS PDM и консултантите на Solfins го поставуваат системот за работа кај вас така што се следи комплетниот процес на измени на секој дел од секој производ и бизнисот се планира врз основа на ажурирани информации, цртежи и составници.

SolidWorks PDM е основа за порационално работење во кое ќе бидат елиминирани сите места каде се прават грешки, се губи време и се создаваат непотребни трошоци.


SOLIDWORKS PDM пакети

Зошто да изберете SOLIDWORKS PDM Professional? Погледнете видео:

SOLIDWORKS PDM Standard и Professional лиценците се достапни во три различни пакети со функционалности што се разликуваат според потребите на корисниците:

PDM е систем, а не само софтверски пакет

ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОКВИРНА ПОНУДА И ПОВРАТ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА?

Дајте ни основни податоци, а ние ќе ви подготвиме буџетска понуда

Прилагодете го PDM според вашите потреби

Solfins решение прилагодено на вашиот бизнис

Тимот експерти на Solfins по вашето барање може да ги анализира вашите тековни процеси и максимално да ги оптимизира со користење на SOLIDWORKS PDM софтверот.

Solfins поседува богато искуство во оваа област и веќе имплементираше напредни решенија кај голем број релевантни индустриски клиенти во регионот.