DelmiaWorks функционални целини

RealTime Production/Machine Monitoring

RealTime модулот во DELMIAWorks софтверот е систем за on‑line следење на работата на машини кој автоматски ги собира циклусите, времињата на циклуси, застои и отпад директно од работните центри, без рачен внес на операторите. 

Врз основа на тие податоци системот во реално време ги пополнува производните извештаи, ажурира часови на производство и статус на секоја машина, што им овозможува на производните компании побрзи реакции на проблемите во погонот и попрецизно планирање.

Дознај повеќе >

Следење на производството (Production Control) - MES

Евиденција на производство и известување во DELMIAWorks околината е комбинација на RealTime мониторинг, ShopData терминали и производни извештаи (production reports) која обезбедува секој циклус на машината, секое добро и отпадно парче, секоја смена и секоја кутија што излегува од погонот навистина да се евидентира во системот – без „рачно препишување“ во Excel. 

На тој начин производната контрола престанува да биде само административна задача, а станува жива слика на производството во реално време, која директно ги пополнува залихите, MRP, OEE показатели, анализи на отпад и трошоците на работа по работен налог.

Дознај повеќе >

Planning & Scheduling 
(MRP - Manufacturing Resources Planing)

Планирање и терминирање на производството (Planning & Scheduling модул) во DELMIAWorks‑от е централно место за краткорочно планирање на производството, finite scheduling (конечни ресурси) по машини и работни центри, како и за капацитети на машини, материјали и работна сила. 

Преку еден интегриран екран планер добива реален распоред на работни налози, предупредувања за доцнења, преоптоварувања и материјални недостатоци, со директна врска кон MRP/MPS анализи и RealTime податоци од производството. 

Дознај повеќе >

BOM (Bill of Manufacturing) - Составница и Технолошка рута (Производен постапок)

BOM (Bill of Manufacture) во DELMIAWorks околината е комбинација на класична структурирана листа на материјали и производна рута во еден објект и затоа е апсолутно централен и критичен дел од имплементацијата, особено кога зборуваме за капацитетско планирање. 

Токму од BOM‑от системот добива точни информации за материјали, операции, работни центри, алати, норми на време и работна сила, врз основа на кои MRP, Planning & Scheduling и Capacity Planning ги пресметуваат реалните потреби и оптоварувања на машини и луѓе. 

Дознај повеќе >

MRP (Material Requirements Planning), работни налози (Work Orders) и потреби за материјали

 DelmiaWorks MRP (Material Requirements Planning) потсистем е „мозокот“ за целиот софтвер, работните налози (Work Orders) се производни налози кои MRP ги генерира, а Material Exception List е листа на материјални отстапувања која набавката ја користи за да знае што треба да купи, кога и во која количина. 

Заедно го сочинуваат затворен круг: продажба/прогноза (forecast) → MRP → работни налози и материјални отстапувања → набавка и магацин.

Дознај повеќе >

RealTime Process Monitoring

RealTime Process Monitoring во DELMIAWorks околината е проширување на RealTime и SPC модулот кое овозможува процесните параметри (температура, притисок, брзина, сила, димензии…) автоматски да се собираат и анализираат во реално време, директно од производството. 

На овој начин фабриките не ги следат само бројот на делови и циклуси, туку и стабилноста на самиот процес, добивајќи континуирани Cp/Cpk показатели и SPC графикони без рачен внес на податоци.

Дознај повеќе >

Следење на надворешни услуги 

(Outsource Central)

Outsource Central модулот во DelmiaWorks‑от е централно место за планирање, следење и контрола на сите аутсорцирани (потдоговорени) операции и производи – било да испраќате полупроизвод на дополнителна обработка или комплетен производ на финална обработка и пакување кај кооперант. 

Идејата е да имате исто ниво на видливост над производите кои се работат кај надворешен добавувач како над оние кои се работат во вашата фабрика, со автоматско креирање на работни и ship налози, следење на in‑transit залихи, отписи, отпад и враќање на стока назад или директно до купувач.

Дознај повеќе >

Job & Process Costing

Job & Process Costing модулот во DELMIAWorks-от е централно место за следење на реалните трошоци на производство по работен налог, артикал или процес, и нивно споредување со стандардни и планирани трошоци. 

Идејата е секој денар вложен во материјал, работа, машини, алат, надворешна операција или режија да се види низ призма на конкретно производство, за компанијата сигурно да ја знае реалната маржа по артикал, купувач или работа, а не само вкупниот резултат на ниво на фирма. 

Дознај повеќе >

Inventory Control & Item master

Item master и Inventory Control во DelmiaWorks‑от се централна база на податоци за сите артикли и магацински трансакции – од суровини и помошен материјал, преку полупроизводи и готови производи, до пакувања, VMI и outsource залихи. 

Врз основа на поставувањата во Item master системот знае како да ги следи количините, локациите, lot и сериските броеви, како да ги пресметува трошоците и како да го поврзе секој артикал со BOM‑от, производството, квалитетот, WMS‑от и финансиите, додека Inventory Control делот обезбедува секое поместување и трансакција да бидат on‑line, преку единствен трансакциски лог 

Дознај повеќе >

Manufacturing Configuration - конфигурација на производни процеси

 Секоја фирма е различна, секој производствен процес има свои специфичности. Не е исто да се моделираат процеси на монтажа, фарбање, термичка обработка, машинска обработка, пробивање просецање, бризгање или екструзија.

Во DelmiaWorks‑от Manufacturing Configuration, Manufacturing Type, Manufacturing Cell, Center Type, Work Center и BOM се начин реалните процеси, машини и линии на фабриката да се преведат во дигитален модел на кој работат MRP, Work Orders (работни налози) , RealTime и costing.

Дознај повеќе >

Етикетирање со бар-код (Labeling)

Labeling и label printing во DelmiaWorks‑от не се само „печатење на налепници“, туку централен механизам за следење на кутии, палети и сериски броеви низ целиот ланец – од прием и производство, преку магацин, до испорака, VMI и RMA процеси. 

Секоја налепница е поврзана со MasterLabel запис и сериски број, а сите WMS, производни и shipping процеси работат токму со тие сериски броеви, со што се обезбедува целосна следливост и реална состојба на залихите во секој момент.

Дознај повеќе >

WMS - Warehouse Management

WMS (Warehouse Management System) во DelmiaWorks‑от е проширување на основниот Inventory и Item master модул кое воведува бежично, со скенери водено управување со магацинот во реално време – од прием и сместување на суровини, преку внатрешна логистика и replenishment, до picking, пакување, VMI и отпрема кон купувачи и други погони. 

Целта е секоја трансакција да се изврши таму каде што навистина се случува (на виљушкар, рампа, во премин, на производна линија), без последователно препишување на компјутер, така што ERP базата во секој момент ја прикажува реалната состојба на материјали и готови производи.

Дознај повеќе >

Quality Management

Quality Management и Quality Process Management модулите во DelmiaWorks околината претставуваат комплетен QMS слој над ERP/MES системот, кој ги поврзува сите елементи на квалитетот – од прием на материјали и внатрешни неусогласености, преку APQP и PPAP документација, до аудити, CAR/CAPA акции и контрола на промени, во една база на податоци.  

Дознај повеќе >

SPC (Statistical Process Control) & Data Collection

SPC модулот во DelmiaWorks‑от е интегрален дел од  платформата за квалитет кој овозможува дефинирање на параметри за мерење, собирање на податоци на линијата, статистичка контрола на процеси и автоматска аналитика на способноста на процесите (Cp/Cpk, Pp/Ppk) – сè поврзано со артикли, процеси, работни центри, алати и работни налози. 

За разлика од „одвоените“ SPC алати, овде SPC податоците се директно во ERP/MES базата, па инспекциите, резултатите и алармите влијаат на производните трансакции (етикети, Floor Disposition, RT Scan to Inventory) и оперативните одлуки на самото место. 

Дознај повеќе >

Document Control - документ менаџмент

Document Control модулот во DelmiaWorks‑от е централно место за управување со сите документи кои имаат врски со артикли, BOM‑ови, работни налози, квалитет, купувачи, добавувачи и проекти, со целосна контрола на верзии, пристап, важење и поврзување со процеси во ERP/MES системот. 

Наместо работните инструкции, цртежи, Excel табели, процедури и записници да „живеат“ во папки на сервер или во мејлови, Document Control го воведува концептот на документни библиотеки со статуси и правила, а преку Documents tab тие документи се врзуваат за конкретни записи во сите клучни модули. 

Дознај повеќе >

CRM (Customer Relationship Management) - односи со купувачи и добавувачи

CRM модулот во DelmiaWorks‑от е CRM специјализиран за производни компании: наместо да биде одвоен „sales алат“, тој е директно вграден во ERP/MES и работи над истата база на податоци како и продажбата, производството, квалитетот, сервисот и финансиите. 

Тоа значи дека продажбата и корисничката поддршка во секој момент ги гледаат понудите, нарачките, статусот на производството, испораките, рекламациите и наплатата – без двоен внес и скокање помеѓу повеќе системи. 

Дознај повеќе >

Estimating & Quoting - калкулација на цена на чинење и понуда

Estimating & Quoting модулот во DelmiaWorks‑от е специјализиран алат за брзо и точно формирање на понуди во производни компании, кој во една калкулација зема во предвид материјал, работа, машини, outsourcing, провизии, амбалажа, отпад и сите дополнителни трошоци. 

Наместо продажбата да работи во Excel и рачно да ги пренесува резултатите во ERP, овој модул директно ги користи BOM, cost elements, цени на материјали и капацитети од DelmiaWorks базата, а потоа прифатената понуда со еден чекор ја претвора во BOM и Sales Order. 

Дознај повеќе >

Sales Order Management - Нарачки на купувачи

Sales Order Management во DelmiaWorks‑от е централен „хаб“ кој ги поврзува CRM и Estimating & Quoting со MRP‑от, планирањето, производството, WMS‑от, фактурирањето и анализата на продажба. 

Секој Sales Order во овој модул не е само хартиен документ, туку извор на побарувачка кој генерира работни налози, резервира залихи, покренува pick‑ови и отпреми, влијае на капацитетите и на крај влегува во профитабилноста по артикал и купувач.

Дознај повеќе >

Прогноза и план на производство (Forecaster)

Forecaster модулот во DelmiaWorks‑от е наменски алат за прогнозирање на побарувачка и планирање на производство, кој „седи“ директно на ERP/MES базата и ги користи реалните податоци за продажба, испораки, цени и капацитети, без потреба корисникот да биде статистичар или data scientist. 

Идејата е преку еден екран да се види како постоечките нарачки, историската продажба и планираните прогнози влијаат на прометот, искористеноста на капацитетот, материјалните потреби и буџетот – минатото, сегашноста и иднината на едно место.

Дознај повеќе >

Shipping & Distribution - отпремање или испорака

Shipping and Distribution модулот во DelmiaWorks‑от ги покрива сите случувања од моментот кога стоката е подготвена за испорака, до моментот кога физички ја напуштила магацинот, вклучувајќи пакување, генерирање на packing slip‑ови, Bill of Lading (BOL), EDI ASN пораки, пресметка на транспорт, VMI испораки и обработка на враќања преку RMA. 

Идејата е целиот процес на испорака да се води во истиот систем кој води Sales Order, инвентар, WMS, етикети и финансии, така што секое парче што излегува од фабриката има чист траг – од SO release‑от, преку локација и сериски број до фактура и eventualно враќање. 

Дознај повеќе >

Набавка (Purchasing)

Purchasing модулот во DelmiaWorks‑от е централен алат за планирање, одобрување, креирање и следење на сите набавки на материјали и услуги, целосно интегриран со MRP‑от, инвентарот, производството, финансиите и EDI/XML eCommerce слојот. 

Целта е набавката да не биде „паралелен Excel процес“, туку дел од истиот систем кој ги гледа реалните потреби од производството, состојбата на залихите, договорените цени, роковите и перформансите на добавувачите.

Дознај повеќе >

EDI (Electronic Data Interchange) / XML eCommerce

EDI/XML eCommerce модулот во DelmiaWorks‑от е вграден систем за електронска размена на бизнис документи (EDI и XML) директно од ERP/MES базата, без екстерни транслатори и дополнителни интеграциони слоеви. 

Идејата е нарачките, прогнозите, release‑овите, отпратниците (ASN), фактурите и различни потврди автоматски да се разменуваат со купувачи, добавувачи, 3PL и web портали, така што повеќе нема рачно куцање на EDI датотеки, reimport и паралелни системи. 

Дознај повеќе >

MRO (Maintenance Repair & Overhaul Modul) - Одржување

MRO (Maintenance Repair & Overhaul) модулот во DelmiaWorks‑от е комплетен систем за планирање, следење и анализирање на одржувањето на машини, алати, калапи, помошна опрема, мерни уреди, згради и друга инфраструктура, целосно интегриран со ERP, производството, квалитетот и финансиите. 

Целта е превентивното и корективното одржување повеќе да не се води во Excel и свески, туку да стане дел од истата база на податоци која управува со работни центри, работни налози, MRP‑от, RealTime monitorinzg и трошоците, за да се намалат непланираните застои, скапите итни кварови и негативниот влијание на лошата опрема врз квалитетот на производите.

Дознај повеќе >

KPI & Business Intelligence

KPI & Business Intelligence во DelmiaWorks‑от е збир на алати кои на менаџментот и тимовите им дава „360° поглед“ на фабриката – во реално време и историски. Идејата е сите клучни показатели (KPI – Key Performance Indicators) за продажба, производство, квалитет, набавка, магацин, финансии и работна сила да бидат видливи преку јасни, визуелни показатели и dashboard‑и, директно од единствената ERP/MES база, без рачно извлекување на податоци во Excel.

Дознај повеќе >

Project Management - управување со проекти

Project Management модулот во DelmiaWorks‑от е „кишобран“ за сите проекти поврзани со алати, калапи, машини, капитална опрема и посложени производни проекти – од првата понуда, преку набавка, изработка и монтажа, до пускање во работа и подоцнежно одржување. 

Суштината е повеќе да немате одвоен „проект во Excel“, „трошоци во сметководство“ и „работни налози во ERP‑от“, туку еден проект во кој се поврзани задачи, ресурси, трошоци, работни налози, набавки, инвентар, PM/MRO и финансии.

Дознај повеќе >

Time & Attendance Tracking Modul

Следење на активности на работници

Time & Attendance Tracking модулот во DelmiaWorks‑от служи за комплетно следење на присуството и работата на вработените: дневен clock‑in/clock‑out, евиденција на работа по задачи и работни налози, пресметка на правила за прекувремена работа, смени, одмори и стимулации, и подготовка на податоци за пресметка на плати или export во екстерен payroll. 

Модулот е директно поврзан со ShopData/Task Clock, RealTime/MES, Scheduling и Job Costing, па секој час работа во реално време може да се следи по налог, операција и работен центар, со точни трошоци и влијание врз профитабилноста. 

Дознај повеќе >

Multi-Plant Multi-Company (ICT)

Multi-Plant Multi-Company (ICT) во DelmiaWorks‑от во пракса значи дека можете да водите повеќе фабрики и повеќе поврзани компании на една заедничка база, но со јасно раздвојување на ентитетите (EPlant) и автоматизирани меѓукомпаниски трансакции преку ICT (InterCompany Transactions) модулот. 

На тој начин добивате централизирана ERP/MES платформа за група фирми, со единствени master податоци и real‑time преглед, но сепак со локални финансии, капацитети, планирање и јазик/валута по фабрика или компанија. 

Дознај повеќе >

Finance & Accounting

Напомена: Solfins препорачано локализирано решение за финансии е Pantheon ERP: Развиена е целосна интеграција на DelmiaWorks и Pantheon софтверот, така што работат како еден систем.

Pantheon ERP >

Забелешка: Секој од горенаведените DelmiaWorks модули содржи сет на алатки неопходни за ефикасни и профитабилни производни процеси.